Вечерва Исланд ја пречекува Хрватска, а на патот до Светското првенство во Бразил следната година тие добија неочекувана поддршка од Парма во северна Италија.
Во Парма се наоѓа компанијата Erreà која ги произведува дресовите на Исланд од 2004-та година и фабрика која ја зголеми продажбата по импресивните резултати на Исланд во квалификациите.
Исланд заврши на втората позиција во квалификациската група Е и со пласманот во баражот, нарачките и продажбата на дресовите се зголемиле за 30%, а ако успеат да се пласираат на Светското првенство, побарувањето ќе се зголеми и до 100%. Токму затоа денес целиот италијански град ќе навива за Исланд.
Erreà ги произведува дресовите на Норич, Нант, Рајо Ваљекано и се разбира Парма од Серија А, како и неколку репрезентации но никогаш до сега немале свој претставник на Светско првенство.