На денешното собрание на Интер новиот газда од Индонезија Ерик Тохир беше и официјално назначен за нов Претседател на Интер кој по две децении ја превзема функцијата на Масимо Морати.
Историјата на Морати завршува по 20 минати сезони во кои Интер на точно 897 меча победи на 54% од нив, постигна 1531 гол, прими 958 и освои 16 трофеи. Легендарниот Морати е назначен за почесен претседател на клубот.