Ниту еден голман до сега не очекувал ваков повратен одговор откако ќе дегажира некаде до средината на терен. Погодоков во Сингапур заслужува да биде број 1 на сезоната.
Атмосферата во Бразил пред почетокот на Светското првенство до толку е подгреана што еден готвач почна да ги резба ликовите на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар на лубеници.
Ја откривме формулата за освојување на титула. Во тимот мора да има Шпанец и да игра Карлос Тевез. Аргентинецот освојува титула каде и да оди, но заостанува зад Матеја Кежман на листата на фудбалери со освоени титули во различни држави.
Фернандо Гереро од екипата на Индепендиенте од Еквадор го изненади противничкиот голман совладувајќи го со удар од мртов агол во стилот на Роберто Карлос.
Со гостинскиот триумф против Рајо Ваљакано фудбалерите на Атлетик Билбао математички се на четвртата позиција, а тоа значи дека по дури 16 години ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите. За тоа е заслужен еден познат шпански фотограф.
Во домашна и опуштена атсмофера двете ѕвезди на Барселона заедно со другарчињата, во живо го следеа моментот кога селекторот Сколари ги читаше 23 среќници кои ќе го бранат националниот дрес на најголемиот светски спортски настан на свој терен. Алвеш искулирано го гледаше пресот, додека Нејмар имаше малку трема.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски направи поширок список на играчи од кои дел ќе отпаднат за двете пријателски средби против Катар и Камерун.
Луис Фелипе Сколари го објави списокот на репрезентацијата на Бразил која ќе настапи на Светското првенство, а од фудбалерите кои не се на списокот може да се состави уште една репрезентација која ќе биде конкурентна на Мундијалот.
18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.
Лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат е новиот освојувач во Купот на Македонија. Романтичарите кои во поголемиот дел од натпреварот беа со играч повеќе славеа на арената „Филип Втори“ против Металург со 2:0.
Во просек одат по над 80.000 на натпревар и побројни се од навивачите на Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Човек и да не го боли уво за фудбал би посакал да ги види овие рекмек дела во живо.
Мораше и тој ден да дојде. По 22 години активно играње фудбал, херојот на Интер, Хавиер Занети на крајот од оваа сезона ќе ги закачи копачките на клинец. Морати не бираше зборови за да и се заблагодари на иконата која останува во клубот во друго својство.
Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.
Бразилците најдоа лек за ниските шутеви од слободен удар со каков што Тони Мицевски ја матираше Турција, а подоцна го ископира и Кристијано Роналдо против Баерн Минхен. За жал овој жив ѕид не им помогна на фудбалерите на Понте Прета на натпреварот против Парана.
Човекот кој не само што покажа дека шпанската Примера не е лига на два клуба, туку и е блиску до освојување на националната и континенталната титула, верува дека неутралните навиваат за Атлетико Мадрид.
Фудбалерите на Сантос се изнамачија да ја затресат мрежата од близу и да стигнат до израмнување, но затоа од далеку ја следеше целата кација Пјер Кок кој покажа дека послесно е од 30 метри.
Лудите Јапонци смислија и нов начин на изведување на слободен удар со мамење на живиот ѕид и тоа не еднаш, туку четири пати. Финтата ја изведоа фудбалерите на Кјото Санга против Јокохама на натпревар од јапонската втора лига.
На 36 денови пред почетокот на Светското првенство во Бразил, ги одбележуваме 36-те автоголови постигнати во историјата на Мундијалите. Еден таков гол во сопствената мрежа, Колумбиецот Ескобар го плати со својот живот.
Горан Пандев беше поуспешен од Агим Ибраими во дуелот на македонските интернационалци во италијанската Серија А. Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше стрелец и изнуди два пенали во победата од 3:0 над Каљари.