Шпанската дисциплинската комисија одлучи да го казни со 12.000 евра домашниот клуб поради расистичките скандирања на навивачите и бананата која беше фрлена кон Дани Алвеш за време на натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона одигран на 27 април.
Бекот на „Каталонскиот тим“ многу искулирано реагираше во тој момент и бананата која летна од трибините тој ја излупи и ја изеде, а за навивачот рече дека треба да добие поблага казна.
Тој момент од натпревар шпанскиот весник AS тврди дека бил испланирана кампања за анти расизам во која главен актер требало да биде Нејмар.