Водејќи се по некоја стара традиција од своите предци, во централна Колумбија секоја година се одржува Светско првенство како дел од интернационалниот „Poncho Day“. 500 овци тренираат две недели како да шутираат топка и потоа ги облекуваат во дресови. Овчиот состав на Колумбија се покажа како подобар од Бразил кој го совлада со 4:3, благодарение на решавачкиот гол на Џејмс Родригез. Бееееееее...
Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.
Почнавме тука со првата фотографија, потоа ни пратија уште, а денес ни стигна и првото видео. Ова е ново издание на серијалот „Македонски селски фудбал" со епизодата „Бањање по тренинг во Македонски Брод".
Повеќе од 30 години првиот пехар за освојувачите на Светското првенство не е виден во јавност. Никој не знае што се има случено со него, ниту пак со сигурност некој може да потврди дали тоа бил вистинскиот пехар или копија.
Бројка која ја носат најдобрите, капитените и лидерите и која потсетува на Пеле, Марадона, Баџо...На само 10 дена до лудилото во Бразил, ќе ве потсетиме на 10 легенди кои претставуваат поим по бројот 10 на своите репрезентативни дресови.
Американците и не биле баш слаби за фудбал. Ванкувер и Портланд одиграа супер ефикасен натпревар на кој домаќините славеа со 4:3, а гостите беа творци на ремек делото кое во МЛС веќе го прогласија за асистенција на сезоната.
Патот на новиот кормилар на Каталонците до „Камп Ноу“ не е како една од многуте успешни приказни за големите фудбалски таленти. За младиот голгетер на Спортинг Хихон, тестот во Барселона било многу стресна работа која не успеал да ја мине.
Деновиве на интернет стана хит српската Фејсбук страна со интересни фотографии од нивните пониски лиги, но и нашиот фудбал не заостанува премногу, само што сè уште ги немаме откриено „талентите".
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд се обиде да го искористи неговото влијание за да убеди еден играч од неговиот омилен тим да не си замине ова лето.
Оние што веќе го собраа албумот со сликици за Светското првенство во Бразил веќе знаат од прилика колку ги чинело. Оние како нас што уште немаат абер од комплетирање и се преполни со дупликати, мораат да пресметуваат математички.
Шеик Ндоје од репрезентацијата на Сенегал ја скина мрежата на голманот на Колумбија со проектил од 20 метри на пријателскиот натпревар кој заврши со резултатот 2:2.
Навивач на Манчестер Јунајтед на уникатен начин му се заблагодари на Сер Алекс Фергусон за сите години и трофеи поминати со „Црвените ѓаволи". Во видеото снимено во стил на Супер Марио, главниот јунак Супер Ферги на патот до трофеите ги поминува пречките меѓу кои се и Венгер, Бенитез и Манчини.
Престон Лајонс или порано познат како Престон Македонија е најпознат и најуспешен фудбалски клуб на Македонците во Австралија. Ова е снимка од прославата во нивната соблекувална по последниот натпревар на кој ја забележаа четвртата победа во серија. Браво момци!
Секоја фудбалска топка на досегашните големи натпреварувања ја следеа многу контроверзии и критики, но најверојатно Адидас конечно ја има добитната комбинација со „Бразука".
Светските првенства знаат да бидат и опасни по живот, како што беше примерот со Колумбија која го загуби капитенот само поради еден автогол. На светскиот собир во земјата на Марадона, стресна случка раскажува шведски репрезентативец кој е среќен што се вратил дома.
Ако новинарите сакаат да напишат некоја пикантерија поврзаната со фудбал, најдобро е да го повикаат Џенаро Гатузо кој секогаш открива тајни од соблекувалната.