Тимот на сезоната во Лигата на шампиони

УЕФА го објави списокот на најдобрите играчи на сезоната од Лигата на шампиони, а дури 7 од 18 фудбалери од овој тим се членови на Реал Мадрид.

Во финалето на Лигата на шампиони оваа сезона играа две екипи од Шпанија и три во полу-финалето, па не е чудно што дури 12 од 18 фудбалери од идеалниот тим играат во шпанската Примера.

Техничката група на УЕФА на чело со Сер Алекс Фергусон не одбра идеални 11, туку цела екипа од 18 играчи, од кои дури 7 се фудбалери на шампионот Реал Мадрид. Атлетико Мадрид и Баерн Минхен имаат по 4 претставници, а Барселона, Борусија Дортмунд и ПСЖ по еден.

Идеалниот тим на Лигата на шампиони:

Голмани:
Тибо Куртоа - Атлетико Мадрид
Мануел Ноер - Баерн Минхен

Одбрана:
Диего Годин - Атлетико Мадрид
Филип Лам - Баерн Минхен
Даниел Карвахал - Реал Мадрид
Пепе - Реал Мадрид
Серхио Рамос - Реал Мадрид

Среден ред:
Габи - Атлетико Мадрид
Андрес Иниеста - Барселона
Тони Крос - Баерн Минхен
Анхел Ди Мариа - Реал Мадрид
Лука Модриќ - Реал Мадрид
Чаби Алонсо - Реал Мадрид

Напад:
Марко Ројс - Борусија Дортмунд
Диего Коста - Атлетико Мадрид
Арјен Робен - Баерн Минхен
Златан Ибрахимовиќ - ПСЖ
Кристијано Роналдо - Реал Мадрид

3 јуни 2014 - 08:56