Фудбал

Продај го Елвис Присли и купи ги Битлси

Седумте играчи кои Тотенхем ги купи со парите од продажбата на Герет Бејл не го оправдаа вложеното во нив. По слабите резултати на удар е тренерот Маурицио Покетино, а навивачите ги криват претседателот Леви и спортскиот директор Балдини.

Ако ја згрешеше ќе јадеше ластици

Ваков рискантен потег (термин кој го користеа постарите коментатори) на маалски фудбал правеа тие што беа себични и што сакаа да ја влечат топката од едниот до другиот гол.

Свирна пенал, па го нокаутираше резерва

Натпреварот е од Супер купот на подолните украински лиги, а судијата досуди пенал за гостите при водство од 2:1 на домаќините.

Фелипе Луиз му одржa предавање на Нејмар

Тренингот на Бразил беше прилика, бекот на Челси да му покаже на Нејмар дека не се само напаѓачите технички добро потковани.

Скаутите во Милано ќе следат напаѓач на Ријека кој како дете постигнал 450 голови

Агуеро сезонава постигна 12 голови, Роналдо 18, но никој како Андреј Крамариќ. Детето на Динамо Загреб во кое не веруваше Здравко Мамиќ, пред два дена постигна 5 гола на еден меч, а според трансфермаркет цената му е 4,5 милиони евра.

Ебола го откажува Купот на Африка и клупското првенство

Мароко одлучи да крене раце од организација на Купот на Африка 2015, по што ФКА ќе решава дали тој ќе се игра воопшто во јануари. Загрозено и Светското клупско првенство, кое треба да се игра во декември во Рабат.

ONE до прва победа преку МЕПСО

Во шестото коло во Бизнис лигата на Македонија најубедлив соо 11 голови беше тимот на UNIQA на дуелот со Sparkasse, а тесна победа славеше Eurolink против Sistina.

Фудбалери кои смениja најмногу клубови

На некои им сметаа тренерите, на некои слабиот пласман на тимот, а некои не сакаа да седат на клупа или беа само авантуристи. Единствени се во тоа што сменија многу екипи во кариерата.

Дриблинг без топка

Ако не знаете како во маало да кршите кичми или да праќате по цигари, научете ја финтата од Лукас Мура од ПСЖ.

Карамбол, гол и тепачка во Аргентина

Ланус го победи Арсенал Саранди 3:2, со голови постигнати во 96-та и 100-та минута. По ова следуваше хаос.

180 милиони за 14 играчи кои дадоа 5 гола и еден автогол

Диего Коста и Алексис Санчез се најсветлата точка од трансферите во Премиер лигата изминатово лето. Двајцата заедно одиграа 19 меча и постигнаа 18 голови, а следниве 14 засилувања стартуваа 36 пати во прв тим, но далеку се од насловните страници.

Олд Трафорд бил најгласен викендов

Дебатата што ја отвори Мурињо кога кажа дека неговите играчи играле на празен стадион, продолжение доби викендов, кога се вршеа мерења на бука ширум англиските стадиони. Руни и другарите со најдобра поддршка од навивачите.

БиБиСи бира најдобар фудбалер на Африка

Пет кандидати ја бркаат наградата за играч на годината на црниот континент според БиБиСи, а одлуката ќе падне на 1-ви декември во понеделник. Јаја Туре е кандидат по шести пат.

Блан се загради

Беше столб во одбрана, а се пензионираше како фудбалер на Манчестер Јунајтед во 2003 година. И на 48 години не може да го поминат.

3 пати несреќа

Се потруди човекот, ама кога не сака - не сака и не сака. Амин Чермити од Цирих, против голманот, одбраната и среќата на Арау.

Вардар - Подравка на Алфа и Фиорентина - Наполи на Арена Спорт

Денес на ТВ фудбал, НБА, тенис, Ф1, како и ракометна Лига на шампиони. Играјте на Типстер и освоите подароци.

Трејлерот за златната Германија

Аргентина го има Меси, Португалија Роналдо, Бразил Нејмар, а Германија Маншафт или националната фудбалска репрезентација. Во документарецот (излегува на средина од ноември), ќе може да го видиме патот на Германците до златото во Бразил.

И по Колина, Романи

Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.

Роналдињо на тренинг ја залепи од прва

Од некој друг би се одбила како од дрво, а Бразилецот покажа како се потпишува со топката.

Ефикасна вечер во ЛЕ

Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.

Се откажуваат од играње поради висок пораз

Веста на денот ни доаѓа од Шпанија каде малолетници постигнаа резултат кој ретко може да се види и на ракомет.

Берлускони го сака Милан без странци

Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.