Министерството за спорт во Грција сезонава трет пат го суспендира фудбалот поради насилство, но овој пат побара задолжително од сите 18 клубови во прва лига да воведат безбедносни камери на стадионите, како билети во форма на кредитни картички.
„Информирани сме дека Супер лигата и втората лига во Грција се суспендирани на неопределено време. Имаме нова влада која ќе организира средби за разговори на оваа тема, и која сака да имплементира нови закони“, изјави претседателот на Супер лигата, Гиоргос Боровилос.
Одлуката за стопирање на фудбалските натпревари во првата и втората фудбалска лига следуваат по хаосот кој го направија домашните навивачите на големото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос.
Првата суспензија се случи поради смртта на навивач за време на судирите меѓу фановите на третолигашите Етникос и Иродотос, а втората откако беше нападнат помошник директорот на судискиот комитет.