Во Грција ништо ново

Вчера вечер се играше големото атинско дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Пред натпреварот, во општ хаос што го предизвикаа домашните хулигани, жива глава спасија претседателот и тренерот на гостите Еванѓелос Маринакис и Витор Переира.

Стадионот Апостолос Николаидис наликуваше на бојно поле и многу лесно некој можеше да настрада. Летаа бакљи, топовски удари, мега петарди и димни бомби, а во еден момент на терен влегоа и домашните хулигани, кои за среќа ги одби полицијата со солзавец:



Иако почетокот на мечот доцнеше поради нередите, натпреварот се одигра и домаќините славеа 2:1. Резултатот го отвори Масуакуа со автогол, на 2:0 за ПАО зголеми Младен Петриќ, а Олимпијакос намали во судиското продолжение преку Алехандро Домингез.

На девет кола пред крајот, Панатинаикос му се приближи на лидерот Олимпијакос на само три бодови.

23 февруари 2015 - 10:17