Венгер против своите, Јорганџиите во Леверкузен

Арсенал, Монако, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид се четири од 16 екипи кои останаа во борбата за „ушестиот“ трофеј од Лигата на шампионите. Венгер вечерва ќе игра против својот поранешен клуб.

АРСЕНАЛ - МОНАКО (20:45)

- Арсенал и Монако за првпат ќе се сретнат во едно натпреварување од УЕФА.

- Венгер седум години беше тренер на Монако, од 1987. до 1994. година, а потоа замина во јапонската Нагоја Грампус.

- Тимот од Кнежевството стигна до 1/8 финалето како лидер од Групата Ц, каде имаше 11 бодови или два помалку од Арсенал во Групата Д. Монако ќе игра 1/8 финале за првпат после 10 години.

- Арсенал 15 пат по ред ќе игра во осминафинале од ЛШ, а „топџиите" испаѓаа во оваа фаза во последните четири сезони.

- Сезонава на домашен терен во ЛШ (заедно со плејофот против Бешикташ), Арсенал има три победи и една нерешена средба.

- Против Француските клубови во Лондон, Арсенал има 5 победи 3 нерешени и 2 порази.

- Арсен Венгер никогаш не загубил на домашен терен од француска екипа како тренер на Арсенал. Французинот против екипи од својата земја има вкупен учинок од 10 победи 4 нерешени и 2 порази.

- Монако верува во прво 1/4 финале по сезоната 2003/2004 кога стигнаа дури до финалето (пораз од Порто на Мурињо).

- Тимот на Леонардо Жардим ја има најдобрата одбрана во ЛШ досега, со само еден примен гол на шест натпревари. 

Можни состави:

Арсенал - Оспина, Чемберс, Мертезакер, Кошелни, Монреал, Кокелан, Казорла, Велбек, Озил, Санчез, Жиру.

Отсутни: Рамзи, Артета, Дебуши, Вилшер, Диаби, Гнабри, Окслејд-Чембрлејн.

Монако - Субашиќ, Фабињо, Абденур, Валас, Курзава, Дирар, Жоао Мутињо, Кондогбија, Бернардо Силва, Фереира-Караско, Бербатов.

Отсутни: Тулалан (казнет), Ламина Траоре, Карваљо и Бакајоко (повредени).

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - АТЛЕТИКО МАДРИД (20:45)

- Атлетико Мадрид и Леверкузен досега играа два пати во групна фаза од Лига Европа во сезоната 2010/2011 и двата натпревари завршија 1:1.

- „Аспиринџиите" од Леверкузен ќе се обидат да го урнат проклетството на 1/8 финалето каде имаа серија тешки порази: 2004/2005 од Ливерпул вкупен резултат 2:6, 2011/2012 од Барселона 2:10 и 2013/2014 од ПСЖ 1:6.

- На стадионот Рожер Шмид, Леверкузен сезонава во ЛШ има три победи и еден пораз.

- Против шпански екипи, Баер Леверкузен на домашен терен има 6 победи 3 нерешени и 5 порази.

- Баер ги загуби последните четири натпревари против шпански екипи, а последен пат победија шпански состав минатата година 2:1 против Реал Сосиедад.

- „Јорганџиите" на Симеоне од септември 2013. година победија на пет натпревари и загубија само еднаш на деветте гостувања во ЛШ.

- Против бундеслигашите на гости, Атлетико Мадрид има 5 победи 3 нерешени и 7 порази. 

Можни состави:

Баер Леверкузен - Лено, Кастро, Спахиќ, Пападопулос, Вендел, Рајнарц, Ролфес, Белараби, Чаланоглу, Сон, Дрмиќ.

Отсутни: Крусе, Једвај, Бендер (повредени), Омер Топрак (суспендиран).

Атлетико - Моја, Хуанфран, Годин, Миранда, Сикера, Саул, Габи, Тиаго, Раул Гарсија, Гризман, Манџукуќ.

Отсутни: Коке и Хименез.

Типувајте ги во Специјалната Супер сингл понуда на Типстер.