Светскиот првак со Германија, Лукас Подолски, минатиот месец замина на позајмица од Арсенал во Интер. Италијансиот печат го критикува бидејќи и по 7 одиграни мечеви нема постигнато гол, а не му се посреќи ниту синоќа против Каљари кога дриблаше во погрешна насока.
„Од трите шанси кои ги имаше во прво полувреме, обично користи барем една. Нема среќа периодов, но ќе му дојде“, изјави по натпреварот Роберто Манчини.