Октомври
Во овој месец лани, сите на Олимпико веруваа дека Рома може да стигне до скудетото. Претседателот Џејмс Палота изјави: „Посилни сме од Јувентус", а победите на Рома само ја подгреаа атмосферата кај навивачите. Против Киево сериозно се повреди Маикон и почнаа прашалниците. Првиот сериозен потрес за Рома сезонава стигна на 21. октомври кога Баерн Минхен ги демолираше 1:7 на Олимпико. Од тој момент веќе ништо нема да биде исто, иако месецот го завршија со исто бодови како Јувентус на првото место.
Ноември
Два нови удари доживеа Рома на почетокот на ноември. Најпрвин тешката состојба на Кастан (тумор) кој мораше да се оперира, а вториот удар дојде на Сан Паоло против Наполи пораз од 2:0. Ноември заврши со победа над Интер 3:2 и три бода негатива зад Јуве, така се изгледаше во ред?
Декември
Или можеби не? Пресвртот на сезоната се случи против Сасуоло на 6 декември, кога Рима киксна 2:2. Следуваше испаѓање од ЛШ од Манчестер Сити, а подоцна и реми против Милан. И покрај враќањето на Кевин Стротман, Рома на Божиќ уште заостануваше 3 бода зад Старата дама.
Јануари
Жервињо и Кеита мораа да одат на Африканскиот Куп на нации, но Рома славеше во Удине и се приближи на само еден бод негатива. Сепак, нов земјотрес стигна после новата повреда на Стротман и тешкиот пласман во следното коло од Купот, обезбеден после непостоечки пенал против Емполи во продолженијата. Во само четири натпревари, Јуве пак избега цели седум бодови.
Февруари
Вториот месец од годината започна со домашен пораз во Купот на Италија од Фиорентина 0:2 и елиминација. Кризата од првенството се одрази и во Европа, каде Рома ремизираше со Феенорд 1:1 на Олимпико. Навивачите почнаа со свирежи, а Рома во моментов го има само шестиот најдобар напад во Серија А. Спортскиот директор Валтер Сабатини призна дека не го одработиле добро преодниот рок. Ибарбо се повреди само што дојде од Каљари, Думбиа и Жервињо се вратија исцедени од Купот на Африка и ако на тоа му се додаде слабата форма на Де Роси и Кеита резултатот е -9 бодови зад Јувентус.
Се говори изјавата на Сабатини во неделата: „Ако зборуваме сега за шанси за титулата, ќе изгледа дека играме мајтап со луѓето". Можно ли е дека се заврши така и толку рано?