Бекам не го положи испитот во Арсенал

Најстариот син на пензионираната фудбалска икона не успеа да се наметне во тимот од Лондон за играчи до 18 години. Некои англиски медиуми пишуваат дека ќе прекине со фудбал.

Бруклин Бекам кој има 15 години е дел од Арсенал У16, но пред неколку дена доби поголем предизвик и заигра во екипата за играчи до 18 години. Повикот се должел на отсуството на многу фудбалери кои биле на турнир во Катар, па Бруклин со уште неколкумина од У16 и У17 заиграле со малку постарите од нив.

Одговорните тренери на академијата го сметаат за надежен играч кој игра по десна страна од среден ред, но останатите соиграчи на негова возраст биле повеќе спремни и технички и физички. Од тие причини, синот на Бекам по крајот на сезоната ќе мора да си бара нов клуб.

Во академијата на Арсенал се и двајцата негови брака, Ромео и Круз, а за најголем талент го сметаат 10 годишниот Круз.

Идентичен удар на Бруклин и татко му

Се дриблаше со Ибрахимовиќ

24 февруари 2015 - 16:18