Младинците на Андерлехт најгледани во ЛШ

Паралелно со сениорската, од пред некоја година се игра и младинска Лига на шампиони, за фудбалери под 19 години. Гледаноста на овие натпревари не е занемарлива, а во Брисел пред два дена со 12.871 гледачи рекордот го срушија навивачите на Андерлехт. Нивните миленици им вратија со победа над Барселона од 1:0 и се пласираа во четвртфиналето.

1. Андерлехт - Барселона (1:0), 12.871 гледачи
2. Реал Сосиедад - Шалке (1:2), 8.122
3. Лудогорец - Базел (0:5), 5.563
4. Лудогорец - Реал Мадрид (0:3), 4.230
5. Бенфика - Барселона (0:3), 4.000
6. Шалке - Барселона (0:1), 4.000
7. Реал Мадрид - Бенфика (0:4), 4.000
8. Олимпијакос - Бенфика (0:1), 3.867
9. Бате Борисов - Атлетик Билбао (1:2), 3.583
10. Ајакс - Барселона (1:0), 3.482

25 февруари 2015 - 16:21