Движењето под името „Против модерниот фудбал“ во никој случај не е ново, но ретко кога неговата суштина била јасна како што е денес.
Кога излезе првиот број на фанзинот STAND: Against Modern Football во летото 2012. година, тоа изгледаше само како вресок на старата школа љубители на фудбалот, кои конечно ги усогласија своите ставови.
„Не постои членство, објаснува уредникот на магазинот СТЕНД, Били Бис. „Самиот збор stand (став) е британски термин за стоење на трибините на стадионите. Ова не е кохезивно движење, туку повеќе е заеднички став на другите групи кои протестираат декларативно против модерниот фудбал“, вели Били Бис.
Првото издание на фанзинот излезе во 1000 примероци и се распродало за неколку часови. Пошироко кажано, целта на ова движење е фудбалот да се одземе од канџите на капиталистичката моќ и да се врати на своето природно место, меѓу обичниот свет.
Некои европски фудбалски клубови се стари повеќе од сто години, а основани се од групи пријатели, граѓани или работници. Сите почнале во аматерските лиги, а најуспешните меѓу нив со времето станале професионални.
Аматерскиот дух денес полека се губи, а доказ за тоа е податокот што десетте најголеми фудбалски клубови во Европа минатата година оствариле приход од 5 милијарди долари. Пред 16 години, на пример, приходот на десетте најбогати клубови изнесуваше пристојни 855 милиони долари.
Навивачите и обичниот свет се револтирани од повеќе причини: Отстранети се местата за стоење на трибините, цената на влезниците во некои лиги порасна за десет пати повеќе, атмосферата е целосно уништена и фудбалот е само за туристи и богати семејства.
„Просто не го сакам модерниов фудбал. Не ги сакам новите стадиони, личат на вселенски бродови, на трговски центри. Атмосферата на старите стадиони е секогаш подобра, се чувствува позитивна тензија во воздухот“, вели Полјакот Радослав Жежникевич, симпатизер на Аgainst Мodern Football движењето и навивач на Легија од Варшава.
Жежникевич тврди дека политичарите ги ставаат навивачите на столбот на срамот, за полесно да ги заташкаат политичките скандали и лошата економска состојба.
„Ултрасите се третираат како криминалци. Испаѓа дека тие се криви за сите проблеми во друштвото. Фудбалот не е театар и секогаш е добредојдена разумна количина на омраза и тензија, затоа што така се вадат најдобрите емоции во овој спорт“, констатира Жежникевич.
Секако дека фудбалот не е театар, но факт е дека е забраната на сета омраза, скинхедсите, бакљите, петардите и целиот декор само финансиски им помогна на клубовите. Во осумдесетите години просто незамисливо беше некој да оди со семејството на некој англиски стадион. Денес е рутина сликата од стадионите на кои седат пристојни, нашминкани и дотерани луѓе. Ноу Камп на пример некогаш важеше за тврдина на најекстремните навивачи на Барселона, а денес е исполнет претежно од туристи.
STAND во моментов основа Акциона навивачка мрежа, чија цел ќе биде многу повисока. Ќе продолжат да укажуваат, да пишуваат и да се борат против сите штетни аспекти на денешното фудбалско окружување.