Жиру се мотивира кога Венгер бара нов шпиц

Повремениот француски репрезентативец, Оливие Жиру во последно време е мета на критики, затоа што не дава голови како во претходните две сезони. Тој одговара дека го мотивираат натписите во кои се објаснува како на Арсенал му треба центарфор од светска класа.

За Л'Екип, Жиру вели дека не пати од никаков комплекс на пониска вредност во споредба со другите напаѓачи од Премиер лигата како Серхио Агуеро и Диего Коста, кои се убедливо први стрелци во првенството.
 
Жиру (28) пропушти голем дел од првата полусезона во Премиер, затоа што се опоравуваше од тешката повреда доживеана минатата година. Сезонава Жиру постигна осум голови во Премиер, дури девет помалку од Агуеро и Диего Коста.
 
Сепак, Жиру ги даде головите на само 10 натпревари во кои беше стартер, што значи дека неговите голови во просек на минутажата се почести од оние на Диего Коста.
„Немам никаков комплекс на пониска вредност. Го немам нивното име, а статистички сум зад Коста и Агуеро. Кога луѓето зборуваат за нов фудбалер на твојата позиција, тоа го сфаќаш лично, затоа што е твое место. Слушам како зборат „Тие ги имаат Жиру и Велбек, но им треба напаѓач од светска класа“, како ние да не сме светска класа. Сепак, тоа ме мотивира да дадам сè од себе“, изјави Жиру за Л'Екип.

Откако даде 11 голови во првата сезона во Премиер лигата кога дојде од Монпеље во 2012. година, Жиру лани даде 16 голови и беше шести најдобар стрелец во лигата.
„Последен пат слушнав гласини за Џексон Мартинез. Тренерот зборуваше пофално за него, а Мартинез имаше изјава дека би сакал да дојде. Тоа го слушнав пред мечот со Мидлсборо во ФА купот (2:0) и така мотивиран дадов два гола“, вели Жиру.
Олеснителна околност за Французинот е и тоа што Венгер повторно пред две недели го додаде на листата играчи за Лигата на шампионите. Жиру поради повредата беше отстранет од листата лани.
„Кога ќе се фатам за глава после промашена шанса, тоа им смета на тренерите. Сакаат од мене да бидам „убиец“ пред противничкиот гол, да бидам бесчувстителен. Диего Коста не покажува никаква емоција, ја сум многу осетлив и треба да научам да ги контролирам емоциите“, констатира Жиру.
Откако лани беше единствен класичен напаѓач на Емирати, Жиру сезонава крај себе ги има Алексис Санчез и Дени Велбек и нема толку притисок како минатата година.
 
Најдобрите стрелци во Премиер лигата по 26 кола: