На денешен ден пред 25 години се одигра многу повеќе од натпревар на две екипи кои се бореа за титулата во првенството. Се водеше битка меѓу два народа, две култури, две религии. Битка која што ја запали поранешна Југославија.
Ако барате некое инфо за фудбалските прволигаши од Бугарија, Марек Дупница и Хасково, освен Википедија, нема да ви излезе друго ништо. Тие немаат ниту веб сајт.
Во последните 20 години, Бјанконерите пет пати играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во сеќавање останаа дуелите со Реал Мадрид и Ајакс, а незаборавен е и болниот пораз од Јунајтед во сезоната 1998/99.
Со четвртата победа во низа, Галатасарај и после 31. коло ќе остане прв на табелата, пред Фенербахче и Бешикташ. Галатасарај поведе во 16' минута преку Озтекин, а Муслера до крајот со бравурозни одбрани го сочува голот на гостите.
Пред точно две години на денешен ден Алекс Фергусон ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед. Во чест на Шкотланѓанецот ќе се потсетиме на неговите најпознати изјави кои ја потврдија неговата духовитост.
Белгискиот статистичар, Јан ван Харен си поигра со бројки пред крајот на сезоната во првенството и стигна до резултати кои веројатно само тој си ги разбира.
Европската куќа на фудбалот означи старт за сите заинтересирани кои од денес ќе може да аплицираат за карти за првиот Еврошампионат кој ќе се игра со 24 репрезентации.
Навивачот на Ипсвич, Рос Морган толку се израдувал кога неговата екипа израмни во саботата против Норвич што од радост го дупнал таванот во дневната соба. Стрелецот на голот, Пол Андерсон се понуди да ја надомести штетата.
37 годишниот Бразилец без сомнение е најдобриот футсал играч на сите времиња. На својот инстаграм профил ja постираше неговата последна мајсторија, до сега не видена со топка.
Ретко кој му дава шанси на Баерн Минхен по убедливиот пораз од Барселона во првиот меч, но Пеп Гвардиола уште не се откажал. Барса нема примено гол на последните 8 натпревари, а Баерн даде 13 на двете последни средби од ЛШ во Минхен.
Во пресрет на реваншот од полуфиналето на ЛШ меѓу Баерн и Барселона, од Сао Паоло пристигна нова мода. Нејмар е идол на младите во Бразил, кои се натпреваруваат кој повеќе ќе го воздигне напаѓачот.
Местенките во фудбалот не почнаа од Христијан Илиевски, ниту од Лучано Моџи. Тие порано не се правеле за кладилници, туку по принципот „на ти дај ми“ за шампионска титула, опстанок или излез во Европа. Се мешале и моќните политичари, а во оваа историска година Вардар играл чисто.
Минатиот петок во ДР Конго почина поранешниот репрезентативец на Заир, кој стана познат по гестот против Бразил на Мундијалот во Германија пред 31 година за кој му се смееше цел свет, а тој го направил од мака.
На денешен ден пред 14 години, Милан ја оствари една од најголемите победи против градскиот ривал Интер. Со головите на Џани Командини (2), Шевченко (2), Сержињо и Федерико Џунти, Росонерите ги декласираа Нероаѕурите со 6-0.
„Раководните луѓе на Наполи ни велеа дека треба да загубиме затоа што веќе сме испаднати од прва лига. Ми се гади од коментарите“, изјави стратегот на Парма.
Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.