Фудбал

Голготата на младиот фудбалер од Сирија

По страшното патешествие во кое два пати за малку ќе загинел, малиот Мухамед Џаду се скрасил со татко му и чичко му во германскиот град Оберштауфен каде ќе игра за да добие подолг престој. Се потпишува со топката, велат Германците.

Бркот на Меси во 50-те

Шпанскиот сајт paladarnegro си поигра во фотошоп со ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид. Резултатот им го сметаме за успешен.

Најскапо платени трансфери во Премиер лигата

Преминот на Рахим Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити го сруши рекордот на трансфер пазарот во Англија.  Парите ги оправдаа играчи како Руни и Фердинанд, а разочараа Керол и Лалана.

Платата на Ван Перси во Турција

Ова со плативе на фудбалериttе во последниве години и трансферите (100 милиони евра за Бејл, 49 милиони фунти за Стерлинг...) некако не ни е јасно како може да се толку високи. Робин ван Перси не потпиша за Реал, Челси или Манчестер Сити, каде плаќаат без усул, туку замина во турска лига каде ќе му даваат плата како на Бог.

Полигамија и педофилија на Папис Сисе од Њукасл

Сериозни обвинувања на сметка на Папис Сисе стигнаа директно од неговата сопруга од Сенегал, која тврди дека фудбалерот ја забременил кога имала 13 години по што решиле да се венчаат. На Сисе сега му се заканува затвор од 10 години.

Лампард им купи карти на 20 британски студенти во Њујорк

Поранешната ѕвезда на Челси поради повреда сè уште нема дебитирано за Њујорк, но ако човек налета на него на улица и го праша за карти тој може да добие веднаш, со пари од негов џеб.

Татко и син даваат голови во ист тим

Кога Ривалдо ја почна кариерата во Санта Круз 1991-ва, син му уште не беше роден. Сега стариот на 43 години се врати од пензија за да му помогне на бразилскиот второлигаш Можи Мирим од Сао Паоло да избори опстанок, а во напад друштво му прави син му Ривалдињо кој има 20 години. Тој даде два гола, а татко му еден од пенал. Се изнагушкаа од радост.

Ел класико на 8-ми ноември, Барса против Билбао 3 пати за помалку од 10 дена

Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.

Вардар преживеа на Кипар

Македонскиот првак успеа да извади позитивен резултат во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите откако одигра 0:0 против Апоел на гости. Најзаслужен што имаме активен резултат на реваншот е Томе Пачовски.

Како е да се игра фудбал на нерамен терен?

Искуството ќе ви го пренесат аматери од Норвешка кои папсаа на угорница.

Моделот на новиот тренер на Фиорентина преку 10 правила

Замената на Монтела на клупата на Фиорентина од минатиот месец се вика Пауло Соуса. Португалецот дојде од Базел каде го освои швајцарското првенство. Луд е по технологија, мрази тренинзи на дожд и сака голмани како Нојер.

Албанското знаме за дронот во Белград ми го даде дечко од Скопје

Во екслузивно интервју за албанскиот Дигиталб, Исмаил Морина раскажува како му паднало на памет да активира дрон на дуелот Србија - Албанија во Белград и колку време се спремал за такво нешто.

ФФМ пушти срце за мечот Македонија – Шпанија

Фудбалската федерација на Македонија ќе пушти во продажба промотивни цени за гостувањето на европскиот првак во Скопје.

Најголемата грешка на Вратислав Грешко

Словакот кој за навивачите на Интер е главен виновник за несреќно загубената титула во 2002. година се повлече од активното играње фудбал и работи во театар во родниот град. Сè уште повторува дека не е единствен виновник за Олимпико 2002.

Петта шанса за Вардар во Лигата на шампионите

Сонот наречен групна фаза во елитата која во старт од оваа сезона носи 12 милиони евра, Вардар ја имаше 2002, 2003, 2012 и 2013 година. Најблиску беше во дуелот со Спарта Прага кога во третото квалификациско коло беше елиминирана со вкупен резултат 5:4.

Што направи Фабио Капело за Русија

На искусниот италијански стратег по три години поминати како селектор на Русија денеска му е врачен отказ. Тоа воопшто не треба да го разочара, бидејќи ќе добие оштета од 15 милиони евра.

Волеј од пола терен на пријателска

Дуелот меѓу германски Падерборн и Болтон заврши 4-1 за Германците, а мечот го одбележи нереалниот гол на Марсел Нденг.

Навивачка битка сред Сараево

На улиците на Сараево синоќа се тепале навивачите на клубот за кој игра нашиот Крсте Велковски и полскиот Лех Познан. Во инцидентите се повредени 18 лица од кои тројца потешко.

Петицата на Гути за најдобра асистенција

Дресот на Реал Мадрид, Гути го носеше од 1994 до 2010 година. Со Кралевите пет пати ја освојуваше Ла Лига и три пати Лигата на шампионите. Навивачите на Реал го паметат како заменик капитен со неверојатно прецизна левица.

Каков можеше да биде Порто

По освојувањето на Лигата на шампионите во 2004 година со Мурињо, Порто секоја сезона почна да продава по некоја ѕвезда. Клубот стана машина за правење пари од трансфери од кои за една деценија заработи скоро 800 милиони евра. Најмногу заработија од Родригез и Фалкао, а листата е правена пред да биде потврден трансферот на Џексон Мартинез во Атлетико Мадрид.

Да се потсетиме

На мечот број 1 за 2014-та му одбележување точно една година од постоењето. На Маракана се играше 112 минути фудбал без голови и потоа Марио Геце стави точка на финалето и ја крена Ангела Меркел на нозе од вип ложата.

Последните кавалери на верноста

Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.

Баерн го пушти своето дете, Јунајтед доби голем борец

Бастијан Швајнштајгер е нов играч на Манчестер Јунајтед, а на навивачите на Баерн Минхен тешко им падна заминувањето на човекот со кого во претходните 17 години освоија сè што можеше да се освои.