УЕФА успева одлично да ги организира двете најголеми натпреварувања под нивна рамка, но никако да се справи со она што се случува надвор од теренот и стадионите.
Минатата година беше една од сезоните со најмногу инциденти во Лигата на Европа, а ништо подобро не стартуваше ниту оваа. По ждрепката за квалификациите за ЛШ, навивачката јавност најмногу зборуваше за дуелот меѓу Сараево и Лех. Познати по тоа што гостуваат насекаде, Полјаците и вчера пристигнале во Сараево каде не требало многу за да дојде до директна средба со Хорде Зла, навивачката група на Сараево.
Најголеми нереди имало во сараевската населба Вогошче, во близина на хотелот Сунце каде биле сместени полските навивачи кои биле околу 150. Полицијата на крај успеала да ги раздвои двете страни и да го обезбеди просторот каде бил демолиран автобусот на полските навивачи.
Како што пренесува Кликс.ба, инвентарот во хотелот бил демолиран, а учесниците во тепачките биле наоружани со палки, пластични столици од околните кафулиња, камења и бакљи. Во судирот е запален еден автомобил и оштетено е едно возило на Брза помош.
Нередите започнале на Башчаршијата некаде околу 20:20 часот, а близу Хусрет беговата џамија се судриле две групи навивачи каде бил повреден 21-годишен полски државјанин. Портпаролот на Клиничкиот центар во Сараево, Муамера Сехиќ потврдила дека доцна во ноќта примиле 11 државјани на БиХ и 7 Полјаци.
Дуелот Сараево - Лех Познан од 2. коло во квалификациите за ЛШ се игра вечерва од 21:00 часот.
Еве што се случувало синоќа во Сараево: