Платата на Ван Перси во Турција

Ова со плативе на фудбалериttе во последниве години и трансферите (100 милиони евра за Бејл, 49 милиони фунти за Стерлинг...) некако не ни е јасно како може да се толку високи. Робин ван Перси не потпиша за Реал, Челси или Манчестер Сити, каде плаќаат без усул, туку замина во турска лига каде ќе му даваат плата како на Бог.

Дејли Мејл објави дека 31 годишниот Робин ван Перси кој си замина од клуб како Манчестер Јунајтед за да игра во Фенербахче, неделно ќе заработува по 240.000 фунти. Јасно? Значи неделно или во евра 340.000. Ние се фативме за дигитронот кој вели вака:

Годишно: 16.320.000 евра
Месечно: 1.360.000 евра
Неделно: 340.000 евра
Дневно: 48.571 евра
На час: 2.023 евра
Во минута: 33 евра
Во секунда: 0.5 евра

Тука ќе се спрема за новата сезона.

15 јули 2015 - 13:17