Њујорк изминатиов викенд го пречека Торонто во рамките на МЛС лигата, а пред мечот 20 студенти од Велика Британија случајно низ град налетале на Лампард. Тој потрошил околу 500 долари за да им купи карти.
„Бевме на прошетка низ Њујорк и сосема случајно налетавме на Френк Лампард и Давид Виља во еден парк. Прво со задоволство ни дадоа автограми, а кога Френк ни го слушна британскиот акцент, не праша зошто сме во Њујорк. Беше многу фин и среќен што разговара со нас. Една од девојките го праша дали може да добиеме билети за мечот против Торонто, а тој ни објасни дека од клубот добива по четири гратиси, а ние бевме 20. Проблемот го реши за минута и веднаш се јави и ни купи уште 16 карти. Не ни се веруваше“.
Студентите од Велика Британија немаа можност да го гледаат Лампард, но имаа среќа да се најдат на спектакуларен меч кој заврши 4:4.