Давид Вилја и Себастијан Џовинко ја разбудија фудбалска Америка со меѓусебниот дуел во Њујорк. Најпрвин Шпанецот од слободен удар му донесе предност на својот тим од 1-0, а потоа еден пенал промаши, а еден даде (10-ти сезонски гол).
Спектаклот го продолжи Себа Џовинко кој иако промаши пенал во 11-ти минута, во продолжение од мечот за девет минути постигна три голови и стана рекордер со најбрз хет-трик во историјата на МЛС лигата (11 погодоци има во сезоната). Џовинко со трите голови го донесе пресвртот од 0-2 на 3-2, а подоцна асистираше за конечни 4-4.
Поради повреда, натпреварот го пропушти Френк Лампард кој најверојатно ќе дебитира за Њујорк ФК следната недела против Њу Ингланд Револушн.
Хајлајтс од мечот:
Брзинскиот хет-трик на „Атомската мравка“: