По освојувањето на Лигата на шампионите во 2004 година со Мурињо, Порто секоја сезона почна да продава по некоја ѕвезда. Клубот стана машина за правење пари од трансфери од кои за една деценија заработи скоро 800 милиони евра. Најмногу заработија од Родригез и Фалкао, а листата е правена пред да биде потврден трансферот на Џексон Мартинез во Атлетико Мадрид.