Соуса како играч се радуваше на две изданија по ред во Лигата на шампионите, со Јувентус (1996) и Борусија Дортмунд (1997), а беше тренер на КПР, Лестер, Свонси, Видеотон, Макаби Тел Авив и Базел.
Италијанската јавност го памети како играч на Јуве, Интер и Парма, а по 15 години се враќа на чизмата со свои методи на работа кои ги наложи во Фиренца.
1. Неговите клучни зборови се: амбиција, храброст, интелигенција и брзо мислење
2. Долги разговори со играчите.
3. Забрането е играчите да јадат сами, туку масите треба да бидат петки и да седи кој со кого сака.
4. Забрането е вино, пиво и секаков друг вид на алкохол.
5. Диета само со помош на стручни лица.
6. Голманите треба да излегуваат напред, нешто како Нојер, бидејќи кога тој ги прави формациите пишува 1-4-3-3 или 1-3-5-2.
7. Инфрацрвените камери треба да вршат евиденција врз играчите, кои потоа влегуваат во базата на податоци кои тој сака да ги анализира постојано.
8. Големо внимание на метео прогнозата, бидејќи Соуса не сака тренинзи на силен дожд.
9. Големо внимание и на односот со навивачите. Кога тимот ќе се врати во Фиренца ќе има ден отворен за нив.
10. Важно му е: Да ја прави истата диета како фудбалерите, да трча по еден час дневно, да има целосна соработка си сите вработени во клубот и сака ред.