Фудбал

Чест секому, бод никому во Берлин

Кај нас велат дека најтешко и најнезгодно гостување за секој нисколигаш е она во струшкото место Велешта. Сепак, таму никогаш не се случил инцидент како во Вилмерздорф периферијата на Берлин, каде фудбалер остана без око.

Роналдиљо против Гатузо, Пирло и Неста

Бразилски весник минатата недела објави дека Роналдињо по крајот од оваа сезона оди во пензија, но тој демантираше и рече дека ќе игра се додека се чувствува добро. Му посакуваме уште многу вакви потези за клип.

Невозможна мисија за ПСЖ, Баерн брка два гола

Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.

Дајте го дресот, не сте му достојни

31-кратниот првак на Бугарија е во длабока криза. На последните 7 меча, ЦСКА Софија има 5 порази и 2 нерешени без ниту еден даден гол (10:0). Поразот во градското дерби од Локомотив ги разгневи навивачите кои од играчите бараа да ги соблечат дресовите, а посебно му се намерачија на Бразилецот Тони Силва.

Глаголот понижување во кинескиот фудбал

Бразилецот Елкесон (25) кој игра за кинескиот глуб Гвангжу покажа на дело како да понижиш противничка одбрана. Не даде гол, ама за потегот доби овации од публиката.

Годините не им сметаат на Зидан и Роналдо

Хуманитарниот меч за борба против сиромаштијата и еболата организираа Зидан и Бразилецот Роналдо. Од нивна беа нивните пријатели кои играа против ѕвездите на Сент Етјен во Франција.

Најатрактивните три автоголови на викендот

Серхио Агуеро не центрираше најпрецизно во една акција против Вест Хем, но го корегираше Џејмс Колинс. Кај Каљари тоа со глава го направи Антонио Балцано на асистенција н Инсиње. Најнеочекуваниот потег ова коло го направи Мохамад Шантави од Јордан кој можеби е првиот голман во историјата на фудбалот со ваков автогол.

Златен медал од Светско за кокаин

Соиграч на Пеле од бразилската фудбалска репрезентација која го освои Мундијалот во Мексико го продал златниот медал за кокаин.

Хипстерот Тухел ги облекува чевлите на Јирген Клоп

Осумкратниот германски шампион, Борусија Дортмунд соопшти дека нов тренер на клубот од 1 јули ќе биде Томас Тухел, човекот кој никогаш не освоил ништо, а за него се бореше пола Германија. Во Мајнц го викаа Диктаторот.

Меси го тетовираше својот мајстор

Во кариерата дал преку илјада автограми, но никогаш не тетовирал. Сè до вчера кога неговиот личен тату мајстор, Роберто Лопез од Барселона побарал од Аргентинецот да му го нацрта бројот 10 на дланката.

Како навивачите внесуваат спорни пароли на стадион?

Во Италија полицијата има ригорозни контроли на сите навивачки пароли кои се внесуваат на стадионите. Скринингот проверува дали имаат навредлива содржина, но и покрај тоа навивачите успеваат да ги протнат на трибината.

Од Трапатони до Клинсман, сите против др. Баерн

Пеп Гвардиола не е првиот тренер што се замерил со вечниот доктор на клупата на баварскиот гигант. Расправии со Милер-Волфарт имале и Клинсман, Матеус и Трапатони.

Голчиште кое не го бранат ни двајца голмани

Најдобриот нишан од 40 метри овие денови го има Романецот Мариус Михалаче чиј гол слободно може да го прогласиме за најатрактивен на неделата.

Спасот од бедата на Џексон Мартинез

Колумбиецот пред 11 години од Меделин пристигна во Индепендиенте, а толку бил сиромашен што тренерот му купувал храна, облека, копачки и маици. Првата плата што ја земал била 172 евра а сега го бара цела Европа.

Го знаете ли вие Хорхе?

Хорхе Троитеиро е вистинскиот пример за она кога сакаме да кажеме „го прати по цигари“. Игра во третата шпанска лига, потегот му е ала Меси, а пријател е со Иниеста.

Три дози Бока - Ривер за 10 дена

Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.

Аргентинците од Белграно веслаа од радост

Фудбалерите на Атлетико Белграно од аргентинското првенство изработија добра акција и потоа славеа како да се во кајак.

Меси, Суарез, Нејмар 91 vs Роналдо, Бензема, Бејл 88

Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.

20.000 навреди за Челси, 8.000 за Балотели

За седум месеци сезонава во Премиер лигата Преку социјалните мрежи испратени се 134.400 навредливи пораки кои се однесуваат на играчите и клубовите.

Молитвата на Муслиманите на Енфилд Роуд

Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.

Патешествието на 16 годишниот Суарез во Барселона

На уругвајскиот напаѓач одлично му тргна во првата сезона во Барселона, а таа го потсетува и на една случка од детството кога пристигнал збунет и изгубен во шпанскиот град, каде никој не го познавал и не знаел ниту каде да оди.