„Флорентино не е расист, но не му се допаѓаат црните играчи. Не го сакаше Макелеле и не го сакаше Ето во клубот поради бојата на неговата кожа. Се расправав тогаш со Перез поради Ето, кој беше Галактикос како Луис Фиго, но мораше да замине поради бојата на кожата“, сериозни обвинувања стигнаа до претседателот на Реал Мадрид.
„На кој да верувате? Икер не сакаше да си оди. Не бараше првотимски статус и не сакаше да си оди. Имаше уште неколку години од договорот и сакаше да ја заврши кариерата во Мадрид. Беше среќен во својот дом. Три недели претходно, Бенитез изјави дека Де Хеа му е објектив и дека Кејлор Навас е страшен голман. Но не е виновен Бенитез, се знае кој го насочил. За среќа, Мадрид е многу повеќе од Флорентино Перез. Тој мисли дека е Бог во Мадрид, но ја крие вистината со години. Прашајте ги Иеро, Раул, Дел Боске“, вели менаџерот на Касиљас за Перез.
ОМИЛЕНИ ИГРАЧИМаркез не застана кај црните играчи, туку го обвини Перез и дека секогаш имал миленици во екипата и тие фудбалери секогаш имале посебен третман. Во сегашната екипа наводно тоа се Герет Бејл и Карим Бензема.
„Сите во екипата знаат кои му се миленици на Перез, а тоа му е јасно и на тренерот. Со Анчелоти се расправаше околу Бејл, затоа што смета дека Велшанецот е најдобар фудбалер на светот. Исто така не знае на прав начин да се грижи за Кристијано Роналдо, освојувач на Златната топка. Но затоа Бејл ќе игра каде сака. Така и е со Бензема, поради кој се отараси од Игуаин, Ди Марија и Дел Боске", констатира менаџерот Маркез.
Агентот на Касиљас додаде дека следно големо име кое ќе го напушти клубот веројатно е Кристијано Роналдо, кој би можел да оди кај милијардерот Питер Лим во Валенсија.