Милијарда евра нафтени пари за трансфери

Рахим Стерлинг е топ тема во англиските медиуми кои пишуваат дека 20 годишниот англиски репрезентативец е преценет играч и не вреди 49 милиони фунти. За Манчестер Сити парите не се проблем кога ќе видите колку пари фрлија и што се изнакупија до сега.

Од септември 2008 година кога почна новата ера на Етихад, шеикот Мансур за засилувања потрошил 719 милиони фунти или милијарда евра. Влогот за сега му донесе две титули во Премиер лигата и ниту еден трофеј во Европа.

Стерлинг е 46-то скапо засилување на Манчестер Сити, а според вредноста по него следуваат Агуеро 38 милиони фунти, Фернандињо 34 милиони фунти, Робињо 32,5 милиони фунти, Мангала 32 милиони фунти, Џеко 27 милиони фунти...

Во просек трансферите на шеикот изнесуваат 15 милиони фунти.

15 јули 2015 - 16:45