Работнички ќе игра за дуел против Трабзонспор

Романтичарите ќе се обидат да ја анулираат негативата од 1-0 против летонска Јиглава и на тој начин да стигнат до дуел со турскиот Трабзонспор.

Турскиот претставник Трабзонспор ќе гостува во Скопје, доколку Работнички ја мине Јиглава следниот четврток од 20:00 на домашен терен. На првиот меч, Трабзон против Дифделанж од Луксембург славеше минимално 1-0, така што во реваншот Турците ќе се обидат да стават печат на пласманот во третото квалификациско коло.

Фудбалерите на Работнички немаа доволно среќа на првиот меч против Јиглава во Летонија каде примија гол во 87’ минута од мечот. До тој момент, Дебар маалци имаа иницијатива, напаѓаа но Алтипармарковски, Анене и Илијоски не реализираа неколку зрели шанси.

Скопскиот тим следната недела во реваншот ќе се обиде да го елиминира летонскиот состав и да се пласира во следното коло. По играта, Работнички заслужи макар реми, а прикажаното во првиот дел остава простор за пласман понатаму.

Ако обезбеди пласман во следното коло, Работнички против Трабзонспор ќе игра на 30. јули со реванш на 6. август.

Сите парови од квалификациите за Лига Европа: