Сиудат Окулта. За голот против Верона спреми маица за “скриената населба“ во Буенос Аирес. Ја викаат скриена бидејќи аргентинската влада во 1978 година изградила ѕид за да сокрие сиромаштијата од светот.
Ла Масиел. На 27 октомври минатата година стрелаше против Џенова и за таа прилика облече маица за друга сиромашна населба.
Вила 31. Тоа е една од најнелегалните и неурбанизирани населби која се наоѓа во близина на центарот на главниот град на Аргентина. На нив се потсети кога даде гл против Фиорентина.
Фуерте Апаче. За опасниот кварт од каде тој потекнува, Тевез спреми маица за време на финалето меѓу Челси и Манчестер Сити во Комјунити Шилд, кое се одигра на 12 август 2012 година.
Лугано 1 y 2. Седум дена по финалето, му даде гол на Саутемптон, а тогаш се потсети зградата во која тој има живеено.
Вила Ла Ната. На 26 август 2012-та постигна гол против Ливерпул кој му го посвети на еден кварт кој се наоѓа во периферијата на Буенос Аирес.
Ел Конго. Гол против Аталанта и нова посвета, повторно за населба од периферијата.
Ла Палито. Погодокот против Удинезе со нова посвета за нова населба.