Мамиќ во ВИП ложата беше пречекан со аплауз, а на истата трибина го поздравија и од фан клубот кои соработуваат со него и се во непријателски односи со Бед Блу Бојс кои и натаму ги бојкотираат мечевите на Динамо.
Голема поддршка и славје за апсењето на Мамиќ БББ приредија на неделното дерби против Хајдук кога се вратија на стадион во огромна бројка.
Браќата Мамиќ се уапсени на 3 јули на границата меѓу Хрватска и Словенија по покренувањето постапка против нив за затајување данок. Се сомничат дека го оштетиле Динамо за 117,8 милиони куни, а Хрватска 12,2 милиони куни поради неплатен данок.