Фудбалерот со елегантен плејмејкерски стил и стави точка на кариерата откако тренерот на Ривер Плејт не го стави во состав за полуфиналниот дуел од Копа Либертадорес.
Во својот матичен клуб се врати на почетокот од оваа година, но веднаш замина на операција и заигра duri на крајот од мај. Хронолошките проблеми со повредите го натераа предвреме да оди во пензија.
„Тренерот вчера ми кажа дека нема да бидам на листата на играчи за финишот на Копа Либертадорес и јас тоа го разбирам. Не сакам да му зафаќам место на било кој друг играч, така што одлучив повеќе да не се занимавам повеќе професионално со фудбал“, изјави Аимар.
Тој отсекогаш му беше идол на Меси кој го изјави тоа уште на 15 години во интервју за Барселона ТВ. Тие неколку пати играа заедно за Аргентина, а еден против друг се сретнаа во Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013 на мечот меѓу Бенфика и Барселона.
„Пабло Аимар беше, но и сега е мој идол. Отсекогаш сум обожавал да го гледам како игра. Уживам во неговите игри уште од времето кога играше за Ривер Плејт“, изјави Меси по мечот кога си ги разменија и дресовите.
Аимар со Ривер Плејт го освои трофејот во Копа Либертадорес уште на стартот од кариерата во 1996-та. Со Валенсија стана два пати шампион на Шпанија и се радуваше во Купот на УЕФА, а со Бенфика еднаш го освои португалското првенство и четири пати купот.
Во кариерата играше уште и во Сарагоса и Малезија, а за Аргентина одигра 52 меча и постигна 8 голови.
Тики така акција со завршница на Нејмар на дуелот против Ливерпул во ЛШ во сезоната 2002/2003
Шансата против Барселона
Интервјуто на Меси во 2002 година каде зборува за Аимар