Есеи на „црниот пророк" на информатичкото доба, на кого му го должиме терминот „киберпростор" и уште куп предвидувања во врска со реалната телевизија и интернет. Сега, како жив сведок на сопствените визии, тој спокојно си живее во Ванкувер, дозволувајќи си конечно да напише книга која во стандардната номенклатура се квалификува како нефикција - всушност истото она што тој и до сега го пишуваше, само пред своето време.