Вчера (6. мај), точно една година откако д-р Хаус ги батали бастунот и стетоскопот, Хју Лори го издаде вториот албум, на кој повторно свири и пее блуз. И си го тера ќефот.
25-годишната поранешна порно суперѕвезда ќе објави роман. „Друштвото на Џулиета", кој ќе излезе на 9. мај, е за девојка која влегува во таен секс клуб, во кој ја учат на дисциплина и покорување. За разлика од книгата на Е. Л. Џејмс, за оваа сме сигурни дека во голема мерка се потпира на знаење од прва рака.
Хедер Дуи-Хагборг е таканаречен „информациски уметник", таа создава уметност која отсликува различни типови истражувачки резултати. Еден од нејзините проекти - правење портрети врз основа на ДНК анализа на влакна и исплукани мастики за џвакање.
Францускиот композитор бил далеку пред своето време, имал премногу идеи, бил спектакуларен и без скрупули. Пајтоновецот вели дека, накратко, тој бил - како него. И режира негова опера, по втор пат.
Некои во пишувањето се инспирираат од поглед низ прозорецот, некои од читање туѓи книги, трети од слушање музика. Но има еден начин кој докажано поттикнува креативни сокови. Некои автори отворено проговориле за оваа нивна стратегија.
Некои звучат неверојатно, на пример тоа дека некој на Буковски би му доверил таква одговорна задача каква што е разнесување пошта. Ама, сите се историски вистини.
Од 1984 Џеф Бриџис почнал да го фотографира светот во кој живее тој и неговите филмски ликови - сетовите на снимањата, и она што се случува зад нив. Резултатот: голема збирка на широкоаголни фотки, со инсајдерски шмек.
Ако денес одите некаде на излет, не заборавајте по себе да си го соберете ѓубрето. Освен што со тоа ќе ѝ направите добро на природата, отпадот после можете да го искористите за креативни цели. Пример да ги искористите испиените стаклени шишиња пиво за - да купите уште пиво.
На повеќето од оние кои страдаат од дермографска уртикарија ова сигурно не им е ниту забавно, ниту кул. Но тоа што нивното тело практично претставува живо платно врз кое може да се црта и пишува некои од нив решиле да го искористат за уметнички цели.
Вонегат во 1960 имал 38 години, два објавени романа и биографија која успеал да ја зипува во два пасуса нудејќи му се како волонтер на тогашниот кандидат за претседател, сенаторот Џон Ф. Кенеди. Една реченица во неа е посебно шармантна.
Кога веќе почнавме со чудните навики на познатите писатели и уметници (како на пример онаа да стануваат пред зори), да продолжиме во тој стил. Писателите и нивните бизарни опсесии.
Додека се чудиме што по толку пекање по неа пролетта мина крај нас без да ѝ се порадуваме, на еколозите одамна им е јасно дека работата ќе оди само на полошо. Современите истражувања на климата се потпираат на голем број извори, па и на книжевни и теориски дела од минатото.
Сте стигнале пешки до врв на Водно, а таму под некоја ладовина стојат полици полни со списанија и книги, па дур земате душа можете да си читнете, да ја позајмите, купите или да ја размените. Како звучи? Мене како отворен предлог.
Сабота е, алармот исклучен, домашните блажено спијат, а вие станувате рано-рано и се фаќате за компјутер, за пред денот да тргне во непредвидливи насоки да си поработите на раат. Што, вие не правите така?
Опкружени со уметнички форми кои по материјалот и амбицијата се од оние „трајните", ги поддржуваме и промовираме оние ефемерните, краткотрајните, и многу посоодветните како симбол на животот. Кој не е ниту мермер, ниту бетон туку - пена.
Јасно е дека самиот термин „мислител" е крајно сомнителен. Сите нешто си мислиме, па тоа не значи дека сме квалификувани за дејноста (има ли „средно мислечко"?), или пак дека од неа можеме да живееме. Да речеме дека овие луѓе се она што денес се подразбира под „интелектуалец". А нему му е работа да - мисли, без оглед која година е.
Навидум ништо посебно - мачор и мачка во нем, црно-бел филм од '40-тите. Но ова сепак не е само првото ЛОЛ видео на сите времиња со овие слатки цицачи.
Гугл наочарите уште официјално не се ни пуштени во продажба, а урбаниот речник веќе се збогати со нов збор - Glasshole, или шупак со (Гугл) наочари. Материјал за лингвистите, но и за социолозите и психолозите.
Валентин Василович Силвестров (1937) е припадник на таканаречената „киевска авангарда", чија музика во времето на СССР била, благо кажано, маргинализирана. Но во последниве 20-тина години неговите дела почнуваат да се популаризираат, особено вон татковината. За среќа тој е уште жив за да го види и чуе тоа.
Одбележувајќи го денешниот датум, ги анкетиравме нашите политичари и јавни личности кои се нивните омилени книги. Голем дел од нив не можеа да се сетат на ниту еден наслов, или пак велеа дека „сите им се омилени“. Но останатите изненадија, не само со доброто познавање на книжевноста, туку и со својата искреност.
Греам Грин, Борхес, Ибзен и Набоков ги спојува еден необичен факт, што и покрај несомнената писателска величина и слава никогаш не добиле Нобелова за литература. Но Набоков се издвојува од нив и по една некнижевна страст - молците и пеперутките.