Во времето на неговото кандидирање Кенеди имал оптимистичка визија за Америка, која го инспирирала Вонегат да му се стави на располагање. Писмото на кратко ја опишува неговата писателска кариера, иако испушта барем уште две дотогашни негови занимања: учител на деца со посебни потреби и сопственик на авто-салон за продажба на возила Сааб.
Колку што е познато Курт никогаш не добил одговор од претседателот, кого и подоцна во животот го ценел, опишувајќи го како „цврст и весел атлета, кој сака да победува, што не е лошо затоа што ги развеселува и Американците и нè прави поенергични".
Сепак, целото писмо вреди заради една реченица.
„Почитуван сенатор Кенеди:
Би сакал да ви ги понудам моите волонтерски услуги во склоп на вашата кампања.
Јас сум слободен писател кој живее на Кејп. Неколку години бев одговорен за односи со јавноста за Џенерал електрик, а претходно новинар во Чикаго.
Имам 38 години, и сум слободен новинар веќе 10 години. Имам објавено два романа, постојан соработник сум за фикција на The Saturday Evening Post, Ladies' Home Jorunal, McCall и други. Од време на време, пишувам прилично добро.
Би ми било чест доколку ме употребите како волонтер во кое и да е својство.
Срдечно,
Курт Вонегат, јуниор"