 
                            Библиотека на плажата Бонд во Сиднеј создадена по повод прославата на 30-годишнината од Икеа. Работела еден ден, на принцип на размена и позајмување.

Убава книжарница на отворено во Бостон („Бретл").


Ле Букинист (Les Bouquinistes), незаобиколна туристичка атракција во Париз, долж кејот на Сена - тезги со книги, слики и плочи.


„Библиотека под крошна" - проект кој се одвивал минатото лето на шест локации во центарот на Љубљана. На посетителите им се нуделе книги, списанија и удобни лежалки.

Градот Hay-on-Wye во Велс, во текот на летните месеци се претвора во голема библиотека и книжарница на отворено.


Библиотека во паркот Левински во Тел Авив е дело на архитектонското биро Јоав Меири - библиотеката и нејзиниот фонд од 3,500 книги на 14 јазици е наменета за бегалци, легални и илегални мигранти во овој град, под мотото дека пристапот кон книги е основното човеково право.


Библиотека на отворено во германскиот град Магдебург, вклопена во фасада на некогашен магацин и направена од рециклирани материјали. Книгите ги имаат донирано самите граѓани на Магдебург.

Бартс Букс е најголемата независна книжарница на отворено во Калифорнија.



Букјард е библиотека поставена сред лозје, дело на архитектот Масимо Бартолини, а во склоп на уметничкиот фествал ТРАК во Гент, Белгија.


Лајден, јужна Холандија, библиотека на отворено.


 
 
 
