"Didn't it Rain", насловен според истоимениот госпел, најпознат по изведбата на Махалија Џексон, се оддалечува од звукот на Њу Орлеанс кој доминираше на минатиот албум "Let Them Talk" од 2011, и се враќа поназад, во пионерските денови на овој жанр.
„Сакав да се нурнам подлабоко во шумата на американската музика која ме магепсa уште како дете. И колку што повеќе навлегувам, толку станувам позанесен - и од песните и од луѓето со кои имав среќа да соработувам", изјавил тој. Албумот го освежуваат и два женски гласа, оној на Габи Морено, која ја нарекуваат гватемалска Едит Пјаф, и на Џин МекКлејн, која претходно работела со Џими Клиф и Шерил Кроу.
Промоцијата се одржала на 26. март на „пензионираниот" брод Кралицата Мери, стациониран во Лонг Бич, Калифорнија, кој привлекува илјадници туристи, носталгични по славните денови на океанските крстосувачи. Во истата просторија во 1975 личниот херој на Лори, сега починатиот пејач и пијанист од Њу Орлеанс, „професор“ Лонгхер, свирел на забава организирана од Пол и Линда Макартни, во чест на завршувањето на нивниот албум „Венера и Марс“, на која присуствувале 200 гости, кој од кој попознати (Род Стујард, Џони Мичел, Дин Мартин..). Тоа што сега настапува на истото место, и самиот свирејќи, за Лори е како „да е саудиски плејбој на кого му се дадени клучеви од Ферари кое никогаш не го возел". За разлика од др. Хаус, на актерот Лори скромноста му е доблест.
Целиот албум (наши фаворити Kiss of Fire во дует со Морено и Careless Love)