Заради алергиската состојба која прави секое и најмало дразнење, чешање или триење да остава црвени траги, оние кои имаат дермографска уртикарија можат (ако им е до тоа) да си играат со сопствената кожа како со хартија или платно, пишувајќи или цртајќи на неа. По дваесетина минути од надразнувањето, чешањето и црвенилото исчезнуваат, и кожата повторно изгледа нормално.
Оваа реакција се должи на наглото излачување хистамин, 2-10 минути по гребењето, проследено со благо печење и жештина по телото. Според проценките 5% од генералното население има токму ваков тип на уртикарија (името доаѓа од уртика или коприва, и жежењето и плускавците кое таа го предизвикува на кожата), а најчеста е кај луѓе на возраст меѓу 20 и 30 години.
Расел, 33 годишна уметничка од Њујорк, која има блага форма на оваа алергија, пишува на своите нозе, стомак и торзо цели песни и текстови користејќи затапени игли за плетење. Понекогаш тоа го прави со слободен ракопис, а понекогаш со стенсил шеми кои ги нанесува на кожата. Реакциите на фотографиите кои таа ги постира и изложува, документирајќи го резултатот, за некого се вознемирувачки, за други форма на креација. Ние признаваме малку се подгребнавме, и тоа само за да видиме дали овој стих може да функционира само со нокт: I'll take a rusty nail/and scratch your initials on my arm.
Бонус: Мотив за твитерџии „Хаштаг на поило“