Bookbox

Збирка @IlinaBookbox

Добро, признавам, збиркава е поттикната од завист која тлее од моментот кога уредникот на сајтов почна да ги објавува своите твитови. Под мотото „а јааа?“, еве неколку, без опции за дигитално ширење, заради промоција на старата добра орална традиција.

Најглупи текстови кај нас и соседите

Порталот trojka.rs објави список на „најимбецилните“ текстови на српски песни. Пренесуваме дел oд нив, а излегуваме со предлози и за некои од домашните. Ги очекуваме и вашите.

Заминувањето на една легенда

„Џермано Сењановиќ е еден од најдобрите живи сатиричари на Балканот", комплиментот кој често му го даваа, од завчера за жал веќе не важи. Чичо замина во вечните риболовишта, каде сигурно исто така ќе мрчи, затоа што му е многу убаво.

Мимикрирана кампања за писменост

Француската рекламна агенција DDP Paris неодамна доби Жолт молив (високо признание кое го доделува Клубот на британски дизајнери и уметнички директори) за кампања за промоција на писменоста и внимателното читање. Сигурни сме дека рекламите прво ќе ве збунат.

Најмладата добитничка на Пулицер за музика

Иако секој Пулицер би требало да има подеднаква тежина, некои од категориите медиумски се неправедно фаворизирани во однос на други. Така, речиси незабележано помина овогодинешниот за музика. Ајде да ја исправиме работата.

Последната книжарница

Во некоја неодредена, книжевно пост-апокалиптична иднина, книги веќе не постојат. Ни на хартија, ни електронски. Тогаш едно дете открива што значи да читаш, и самиот дa замислуваш и чувствуваш.

„До: Јулија, Верона“

Секоја година во градот на Шекспировите Ромео и Јулија, пристигнуваат илјадници писма полни љубовни јади, адресирани до поубавата половина на овој пар.

Роман за Северна Кореја доби Пулицер

Книгата „Синот на господарот на сирачињата" на Адам Џонсон е добитник на високото признание за белетристика кое од 1918 година му се доделува на прозно дело на американски автор.

Книги од кои ви течат лиги 2

Уште еден извадок, вкусно парче книжевна гастрономија, овој пат за љубители на кревко мевце, кое се крчка три дена на тивок оган.

Случајот Дикенс-Достоевски

Во книжевните кругови е познато намерно мамење, со пишување лажни мемоари, фалсификување дневници или искривување на историски факти за животот и делото на некој славен автор. Но оваа приказна е многу покомплицирана.

Книги од кои ви течат лиги

Во најава на третиот по ред Фестивал на јадење книги, кој ќе се одржи овој петок (19.4) во сендвичарата Пепер, секој ден до настанот ќе објавуваме по една книжевна гастрономија. Еве ја првата.

„Жена е виновна за сè“

Драмската авторка, некогашна кандидатка за градоначалник на Белград, гласноговорник против глупоста во нејзината татковина, во чија одбрана кога беше фатена со кокаин застана и нејзината обожавателка Карлеуша, пишува за медиумско-политичките шпекулации околу мотивите за неодамнешното масовно убиство кај нашиот сосед. Излегува дека вистинскиот убиец е една - курва.

Квидич од реалниот живот

Што велите за еден локален турнир во квидич на Градскиот стадион во Скопје? Тоа што сте фан на Хари Потер сепак не значи дека би биле и добар играч - квидичот станува сериозен спорт, за кој се потребни исти такви подготовки и познавање на 700-те правила. Сепак, како за почеток, доволно е и една метла.

Незаборавната средба на Хиченс со Железната лејди

Славниот новинар во текот на животот се има скачкано со бројни политичари кои припаѓаат на различни идеолошки, верски и возрасни групи. Но една жена, со цврста десница, го има изненадено најмногу.

Кратка историја на пцуењето

Во новата книга „Мамицата: кратка историја на пцуењето", експертот за средовековна литература Мелиса Мор ја истражува употребата на опсцениот јазик од стариот Рим до денес. Еве некои од нејзините откритија.

Што е тоа „пријател“?

Пријателството е дискретна работа, многу приватна и настрана од секоја јавност. Пријателот мисли и се грижи. Пријателот е тука кога човек е на мака, од животот и од проблеми. Има школа на мислење која упорно тврди дека машко и женско не можат да бидат пријатели. Моето искуство вели дека можат, и тоа како. Дури и ако им се случило да се опнат, верувајте.

Вештината на пишување некролози

Текстовите посветени на познати или помалку познати личности напишани непосредно по нивната смрт не се само нивни биографии. Тие се дел од колективната меморија, поучни морални приказни за тоа како треба да се живее за да се биде запамтен како „заслужен". Како би требало тогаш да се пишуваат, и каков е случајот кај нас?

На Тајванците веќе не им е до читање

Откако им го свртевме грбот, нашите некогашни стратешки пријатели од милијарда евра толку паднаа во депресија што ни книга не им се отвара.

Роџер Еберт за Милчо

Она што веројатно го знаете е е дека пред неколку дена почина Роџер Еберт, првиот филмски критичар кој во 1975 доби Пулицер. Она што веројатно не го знаете, или сте го заборавиле, е дека тој го интервјуираше и наш Милчо. Еве го текстот во интегрална верзија.

Хитлер реагира на состојбата со издаваштвото

Амазон последниов месец се соочува со неколку паралелни „движења на отпорот". Иако на крај индустријата веројатно ќе победи, и обидот да се реагира се брои. Особено кога е вака креативен.

Балетот „Зорба" во ХНК

Има така моменти кога сте некаде во странство кои ги толкувате како голем неонски знак надвиснат над градот, кој ви вели „Добредојде". Иако Сплит можеби и не е некое „странство", а прошекот и априлското сонце се сосема доволни за да се чувствувате пријатно и без некои посебни симболики. 

Како да (не) пиеш

Писателите се познати „љубители на добрата чашка", но некои од нив точно знаат како треба да се прави оваа работа за ем да уживаш, ем да не испаднеш сељак. Еве некои од нивните совети. "Don't drink and write" сепак не е најчестиот.

Стојам и се гледам како постојам

Поетот Дарко Рундек и неговите стихови со вкус на солена кожа и стопен сладолед, наместо разгледница од некогашното „наше“ море.