Читајте што пишува!

Мимикрирана кампања за писменост

Француската рекламна агенција DDP Paris неодамна доби Жолт молив (високо признание кое го доделува Клубот на британски дизајнери и уметнички директори) за кампања за промоција на писменоста и внимателното читање. Сигурни сме дека рекламите прво ќе ве збунат.

Очите и мозокот ни се толку навикнати на вообичаените рекламни шеми, што ни требаше некое време во рекламата за маскара да ја препознаеме пораката за промоција на писменоста. Да не зборуваме за онаа со бикините...

Токму ваквиот опоменувачки ефект (мисли што читаш, и гледај што гледаш!) е она што ја прави кампањата одлична. Само не знаеме дали воопшто некој ќе ја забележи (на билборд, во весник) ако не е и онака по читањето.

 

 

 

Преводите на англиски ги објави Хафингтон пост.

20 април 2013 - 08:56