„Повука сан се од свега“

Заминувањето на една легенда

„Џермано Сењановиќ е еден од најдобрите живи сатиричари на Балканот", комплиментот кој често му го даваа, од завчера за жал веќе не важи. Чичо замина во вечните риболовишта, каде сигурно исто така ќе мрчи, затоа што му е многу убаво.

„Се разбудив ѕиркајќи од некое ќоше", е вообичаената формула со будење со која почнуваа сите колумни на Чичо кои со години беа објавувани во култниот Ферал Трибјун. Во 1997 тие излегоа и како книга под наслов „Дориниот дневник“, а како „побуна против бришењето на минатото".

Откачената и луцкаста Дора, како некаква сплитска Алиса, секојдневно минува низ огледалата на реалноста, и низ неговите прекршени одрази ни го прикажува онаков каков што навистина е - понекогаш смешен, понекогаш апсурден, често тажен и обесхрабрувачки. Но Дора, исто како и Чичо, е храбра, затоа што знае дека во таков, апсурден свет, ништо не може да те изненади. Па дури ни смртта.

По Ферал пишуваше за Слободна Далмација, но терсене каков што го опишуваат, се скарал со раководството, особено откако ова решило весникот да го пресели од Сплит во Дугопоље. Одбивајќи еден симбол на градот на ранг на Хајдук и св. Дује да се дислоцира во друг, тој го раскинува договорот и се сели во Нови Лист. На 1. септември минатата година се пензионираше - „Повука сан се од свега и уживан", изјави тогаш.

Во 2010 Е-новине почнаа да објавуваат фељтон со текстовите од „Дорин дневник". Еве извадок, а сите тука.

„Утринава се разбудив со спомен на паднатите борци со лавови. Односно, во спомен на нивните жртви како и секогаш во ваквите прилики. Со оглед на тоа што постојат повеќе видови спомени, јас одбрав класичен спомен со перниче и цветен аранжман на Стипица Калоѓера. Не се занимавав многу со тоа, додека во собата не ми влезе свекрвата и рече: „Нели е срамота? Млада жена, веќе пладне, а ти уште во постела. Другите, ене ги, веќе биле во шпајзот, се изебале со љубовникот, направиле ручек, а ти ко крава некоја. Лесно е да се лежи! Што си се мажела ако не си ги вршиш обврските? Ја, стара жена, па морам да ти давам да јадеш. Како не ти е срам? Не ми влегува во глава таа неодговорност!"

Јас станав и реков: „Бабо, ќе се обидеме, може и ќе ви влезе". И земав од полицата едно две кила неодговорност и ја замолив свекрва ми да зине, и почнав неодговорноста да ѝ ја бутам во уста, така за сепак малку по малку да и влезе во глава, а таа почна да тресе со нозете. Излегов во ходник и викнав: „Бршлене, злато, ослободи ми ја собата од крупен отпад".



(тортата што му ја направивме вчера на Јадење книги, за душа)

20 април 2013 - 10:09