Eден од поинтересните текстови на кои налетавме во новата година има врска со научна статија, социјални мрежи и патување низ времето. Доволно елементи за добар (книжевен) заплет.
16 уметници, писатели и мислители прават исто толку мапи. Секој од нив го истражува концептот на мапирање, низ процес кој на крајот станува лична картографија. А таа е многу повеќе отколку графичко одбележување на физичка територија.
Природно-научниот музеј во Лондон пред Нова година понуди целовечерна забава и преспивање во неговите простории. Најголем проблем со кој се соочуваат организаторите на ваквите настани - секс помеѓу посетителите.
Станови без прозорци, подводни живеалишта, телефони на кои може да го гледате соговорникот, па дури и да читате книги...Асимов бил во право за голем дел од предвиденото, особено за она кое сеуште звучи предупредувачки.
За да ја добијат битката со електронските книги, оние на хартија мораат да покажат што е она по што се незаменливи. Во 2013 излегоа неколку кои се вистинска посластица за библио-фетишистите. Можеби тоа е најава за идниот развој на пазарот на книжевни „хартии од вредност".
Пред да стане книжевен џин, Хемингвеј бил стажант во весникот The Kansas City Star, во кој во текот на 1917/18 објавил неколку статии. Преку нив може да се следи развојот на неговиот стил, од сирово новинарски, до таков кој ќе заслужи Нобелова.
Техеран и Скопје имаат најмалку две заеднички работи - загаден воздух и тензичен сообраќај. Но техеранските уметници креативно го користат она што не можат да го променат. Во такси возила кои сообраќаат по одредена рута одржуваат по четири претстави на вечер.
Нова книга за антологиските стихови на Мица Трофртаљка, џејмсбрауновската ароганција на Лепа Лукиќ и Александровац како српски Нешвил. Плус бонус песна со економско-социјална содржина.
Иако веста изгледа како да припаѓа во рубрика за наука и технологија, изумов е всушност на еден - уметник. Замислуваме како Фуко притиска „лајк“ на статијава.
Популарниот хрватски водител на „Во недела во 2", во „Сто фаци и Аце" открива детали за гостите кои минале низ неговите 550 емисии и 13 години во етерот. За Ведрана Рудан, инцидентот кај Кустурица и патриотите кои плукаат.
Неброено пати од длабочината на нашeто пушачко белодробие сме испуштиле крик на несогласување со драконските забрани на пушењето. Под мотото „Цигари да - магла не!“, еве уште еден аргумент кој е повеќе уметнички. Колку би загубиле од својата харизма некои ликови кога би ги замислиле без цигарата в уста.
За тоа дека не треба да бараш признание за инспирација, за преценетоста на идејата за „совршена среќа", неговите омилени писатели и професија, и бонус видео од неговата оскаровска песна.
Доволно е тешко двајца да се согласат околу тоа што е „добро", а камоли цел свет да се договори што е тоа што било најдобро во 2013. Еве некаков предлог-список на списоци од различни извори, кои често ги консултираме и на кои им веруваме.
На 21 декември 1913 година во њујоршки весник се појавил првиот Word Cross. Така бил создаден првиот крстозбор, и цела субкултура на заљубеници во вкрстувањето зборови наместо копја.
Деновиве ни стигна најубавиот новогодишен подарок - пакетче со кандирани костени и писмо, со рака напишано на светло сина, рачно направена хартија. Парадоксално е: во светот во моментов се испраќаат милиони мејлови. Но мал број од нив се вистински писма.
Screw е неделно порнографско списание за хетеросексуални мажи, кое во САД излегува од 1968. Неговиот основач и главен уредник почина вчера (19.12) во старечки дом во Бруклин, на 77 годишна возраст.
Пишуваш книга на свои 19 години, полн со тинејџерски отпор кон општеството и со амбиција преку насилство да предизвикаш политичка промена. Четириесет години подоцна веќе не си истиот човек. Но твојата книга продолжува да инспирира нови генерации. Како да го спречиш тоа?
Оние кои до сега не читале веќе нема да имаат изговор дека книгите се скапи, недостапни, или дека по книжарниците нема избор. Оние кои пак редовно си мезнуваат од книжевната трпеза, сега пред себе ќе имаат гозба од македонски специјалитети.
Рејчел Нол (Rachel Knoll) е родена во САД, а во моментов живее Лондон каде студира на Кралскиот колеџ за уметност. Нејзините интерактивни инсталации и видеа се занимаваат со осаменоста во дигиталното доба. Знаете на што мислиме, нели?
Во 1830 Мајкл Фарадеј создал нешто што е познато како Фарадеев кафез, простор изолиран со материјал кој ги блокира електромагнетните сигнали. Тоа во современ контекст значи дека ако се затворите внатре со мобилен, лаптоп или радио, ништо од сево ова нема да ви работи.
Замислете сајтов да организира наградна игра со машала главна премија, ама со единствен услов - да си го смените името (асли, во лична карта), и од утре да се викате Офко или Офнета.