Во интервју за „Блиц" по повод неодамнешната промоција на неговата книга во Србија (во Хрватска таа излезе во септември оваа година) тој одговори на интересни прашања за актуелната состојба во Хрватска, како и за најнезгодните моменти од неговото новинарско искуство.
Дали некогаш сте имале проблеми заради српското потекло?
Немам проблеми и никогаш сум ги немал заради името и презимето. И Србите и Хрватите подеднакво ме нервираат во својата глупост, и ми е жал што дојдоа некои зли времиња, 20 години по војната да доминираат воени теми, кирилицата да е тема.
Дали омразата кон кирилицата и кон Србите е диригирана?
Ја поттикнува најсилната опозициска партија ХДЗ. Интересно е тоа што додека Иво Санадер беше на чело на ХДЗ односите со Србите беа многу подобри отколку денес. Тој радикалите во сопствените редови успеваше да ги тргне на страна. Прв дојде на православен Божик и рече „Христос се роди". Денес, осум години потоа, имаме вжештена ситуација. Убеден сум дека кога ХДЗ повторно ќе дојде на власт, а ќе дојде затоа што оваа власт е неспособна, односите повторно ќе бидат добри.
Кој најмногу се разликува пред камерите од себеси приватно?
Ведрана Рудан. На скала од еден до сто таа приватно се разликува сто од она што го прикажува во медиумите.
Тоа го велите затоа што добро ве изриба во минатата емисија?
Не. Ја познавам веќе десет години. Приватно е многу фина, пристојна, мила личност.
Дали некогаш некој ви се заканувал?
Најлошо беше кога на улица еден човек ме плукна, веројатно некој патриот. Не се сеќавам точно, но мислам дека рече „комунистичко ѓубре" или така нешто.
Кога ви било непријатно, дали од нешто се срамите?
Кај Кустурица се чувствував многу неодобно, кога нè исфрли. На почетокот беше многу добар домаќин сè додека не сфати дека, како што рече и самиот, сè оди во погрешен правец. И тогаш се случи гранична ситуација. Во таа негова хациенда сте затворени, нема излез, а нашето заминување го услови со тоа да му ги дадеме касетите кои ги снимивме. Сè заврши релативно добро, затоа што човекот кој ни ги грабна касетите ги врати по седум дена. Проценувам дека и нему му беше криво што излезе така, иако тој никогаш нема да признае. Ми рече „Нема да те тепам, но некој друг ќе те натепа кога-тогаш". Тоа го сфатив како порака дека ќе ми се случи ако продолжам така, а не дека тој ќе ме тепа.
За книгата „Сто фаци и Аце"
Си реков себеси „да не се фрли". Некои мои сеќавања на личностите кои ми гостувале во емисијата, но не она што го изјавувале во емисијата, туку пишував за работите кои се случиле пред или после емисијата (како на пример кога после емисија го викнал Борис Дворник кај мајка му на ручек, и жената ќе ја стрефел инфаркт од возбуда). Се вика „Сто фаци и Аце" затоа што се обидував низ моите цртички за стотината гости да им направам психолошки профил на гостите. Да дадам нешто анегдотски, што би ја опишувало таа личност, а тоа да не се знае во јавноста, со еден збор моите впечатоци.
Извадоци од книгата тука
Букбокс превод на поезијата на Станковиќ тука