Bookbox

Со кого зборуваше Сандра во „Гравитација"?

За филмот на Алфонсо Куарон и неговиот син пишувавме тука. Она што на сите кои го гледаа им остана нејасно е со кого искомуницира главниот лик во една од најсилните сцени. Еве една од можните приказни.

Интерактивен Дилан

Скоро педесет години по создавањето на Like a Rolling Stone, песната конечно доби свој официјален спот. 

Кому бе ти „дама“?

Дорис Лесинг е една од авторките кои би сакале да сме ги познавале, не само преку нејзините книги (особено „Златната тетратка“), туку и лично. Луцидна и тотално кул, таа пред неколку дена почина спокојно во 94-тата година. Меѓу другото ќе остане запаметена по нејзиниот однос кон големите награди и почести кои ѝ ги нудеа.

Во друштво со влијателните

На 18. мај 1922 Вајолет и Сидни Шиф организирале вечера во хотелот Мажестик во Париз. Гости: Пикасо, Стравински, Џојс и Пруст. Звучи како нечиј хипстерски сон, но вистина е. Џојс се напил, па Пруст морал да го носи до дома со шофер.

Апдејтувани сликарски класици

За Ким Донг-Кју нема многу информации на интернет. Ако го гуглате најпрвин ќе ви се појави некаков јужно-корејски фудбалер, а дури потоа Тамблер на корејски илустратор и дизајнер со истото име. Негова специјалност - вметнување на современа технологија во најзначајните слики од историјата на уметноста.

Албум со преработки на Вејтс на хебрејски

Желбата да ви кажеме нешто ново за Вејтс, и така да си го направиме ќефот да го имаме на сајт, од време на време ни се остварува. Еве сега има цел албум со преработки на негови песни на - хебрејски.

Преписка помеѓу Жижек и Толоконикова од „Пуси рајот"

Надежда Толоконикова, една од членките на „Пуси рајот", во моментов е во затворска болница во Сибир. Но пред штрајкот со глад кој ѝ го наруши здравјето таа и Жижек неколку месеци се допишувале. На Надежда тој дури ѝ доаѓал и на сон.

„50 нијанси сиво“ има херпес

Двајца професори од Белгија извеле токсиколошки и бактериолошки испитувања на десетте најпопуларни книги во градската библиотека во Антверп. Резултатите - бљак.

Оргазмичен флеш моб

Си седите во Чамо и ја чекате тоа турлитавата, кога одеднаш околу вас 20 мажи почнуваат да стенкаат. Сцената ви е нешто позната, само никако не ви текнува од кој филм беше.

Стаклена микробиологија

Лук Џерам е интересен британски уметник, за чии дела е тешко да се каже дека делуваат „здраво“. Затоа што тие се големи стаклени скулптури на бактерии и вируси. Вака кога ги гледаш, баш се симпатични. 

15 златни правила на правењето филм

Во пресрет на вечерашното отварање на фестивалот Синедејс, режисерски мудрости од три големи имиња на филмот - Вотерс, Вендерс и Џармуш.

Зборувате ли „бразанглиски“?

Бразилците забрзано се подготвуваат да бидат домаќини на светското фудбалско првенство во 2014. Меѓу големиот број обврски кои ги очекуваат, една посебно им паѓа тешко - да научат подобро англиски. 

Трир се откажа од конечната верзија на „Нимфоманка"

Контроверзниот Трир по прв пат во неговиот живот се откажа од довршување на негово дело, дозволувајќи им на други да го доведат до гледливи (?) четири часа најновиот филм. Неговата верзија е пет и пол. 

Нова тротомна книга на Рене Реџепи

„Работа во тек" (А Work in Progress) е ново издание во три тома на славниот готвач од најдобриот ресторан во светот НОМА. Нешто како ордевер, главно јадење и десерт, ама од зборови.

Монографија за инструментот кој ја демократизираше музиката

Понекогаш ни се случува да налетаме на книга на тема за која никогаш не би помислиле дека би имало интерес да се печати со тврда корица, и во формат попознат како „книга за на маса во чекална". Во случајов се работи за монографија посветена на - ритам машините.

Последната книга и нејзините читатели

Рајнер Геритсен работи на книга за книгите, фотографирајќи ги луѓето кои читаат во метроата на Пекинг, Париз, Лондон и Њујорк. Неговата идеја е да ги регистрира последните читачи на книги на хартија, кои според статистичките податоци со кои тој располага ќе исчезнат до пролетта 2016.

Албер Ками до неговиот учител oд основно

Откако му јавиле дека ја добил Нобеловата, Ками прво помислил на мајка му. Втората мисла му била за неговиот учител во основно, без кого „ништо од тоа не би се случило".

Има сè помалку зборови извадени од џигер

Игор за она што доаѓа тивко, за она што мора да се каже и за премолчените работи. Отворено и искрено со Илинка Делчева.

Грдотијата ќе го спаси светот

Ако убавината е концепт кој историски и културолошки варира, тогаш мора да е така и за грдотијата. Една нова книга се обидува да го истражи овој прилично флуиден концепт, кој е исто така етички.

Стрип-патепис за Северна Кореја

Канадскиот стрип цртач и аниматор Ги Делил (Guy Delisle) е еден од ретките кои не само што легално влегол во Северна Кореја, туку таму поминал и неколку недели. Врз основа на неговите искуства напишал графичка новела.

Сандокан слави 130-ка

Повозрасните меѓу нас, што низ магла, што јасно, се сеќаваат на серијата за „тигарот од Малезија“. Емилио Салгари го промовирал како лик во весник далечната 1883, за потоа да му посвети уште 11 книги. Тие одиграле значајна улога во формирањето на слика за еден свет чија основа е едноставна. Оние од „високото добро утро“ и денес би имале нешто против неа.

Шведска воведува родови филмски ознаки

Некако се навикнавме на онаа категоризација која означува дали филмот содржи голотија, секс, мрсен речник или насилство. Но сега кината во Шведска воведуваат нов начин на проценување на нивната содржина - родовата застапеност.

Едреникот со кој отплови Лу

По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.

Дополнете: „Пред да умрам __________“

Идејата е едноставна: еден ѕид, и една недовршена реченица. Која иако не е прашална, поттикнува одговори на најбазичните човечки прашања. Што би сакале вие да направите пред да умрете?