Bookbox

Стрплив 98-годишен дигитален уметник

И кога раката ќе почне да ви се тресе, и кога очите ќе почнат да ви откажуваат, ако имате порив да создавате сè што ви треба е обичен Пејнт. И мерак за цртање.

Детето кое цртало со црни боички

Човекот кого Бароуз го нарече „папа на трешот", режисер на антологиските „Розеви фламингоси", „Полиестер" и „Спреј за коса", зборува за стопирањето низ Америка и неговото ново шоу, „Овој валкан свет".

За подготовка на овој текст нам ни беа потребни два часа

Дијагнозата е јасна - ретко кој има време, концентрација и добра волја за да чита нешто долго на интернет. Но дали ако го означите времето потребно нешто да се прочита помага тоа да биде кликано?

Аукциска продажба на дело кое постои само на интернет

На аукции на уметнички дела почнаа да се продаваат и такви кои не можеш да си ги однесеш дома или да си го закачиш на ѕид. И кои можат да постојат во секој компјутер, смартфон или таблет на светот.

По Банкси - Инвејдер

Откако Банкси заврши со неговата „улична резиденција" во Њујорк, одеднаш на многумина им текна дека тоа е добра финта. Сега во источен Менхетен планира со негови дела да се насели францускиот урбан уметник под кодно име „Инвејдер". Иако тоа нема да му биде прв пат.

Концерт за џојстик и монитор

Секој страстен играч на видео игрици ќе ви каже дека голем дел од она што ги прави толку интересни е нивната музика. Токму неа од неодамна ја изведуваат симфониски оркестри во живо. И заработуваат повеќе отколку од настапи со познати оперски ѕвезди.

Вресокот на Вилхелм

И не е само оној на Мунк, и не е само оној од Психо - крици, врисоци и извици си се стандарден дел од секоја филмска архива на звучни ефекти. Сега овие од Холивуд сакаат конечно да го сменат оној кој го имаат користено дури 60 години.

Како звучела музиката на древните Грци?

Замислете 2,500 години од сега од сета музика на овој свет да преживеат само неколку стиха од песна на Битлси, а сè што ќе остане од оперите на Моцарт и Верди да се зборови, а не музика. Токму ова се случило со класичните текстови на древна Грција, кои традиционално не биле читани, туку пеени.

Направете душата да ви расне

Во 2006, на ученици од едно средно училиште во Њујорк им била дадена задача да си ја тестираат моќта на убедување преку пишуван текст - да натераат некој од нивните омилени автори да го посети школото. Испратиле многу писма, но им одговорил само еден.

Влијанието на Лу Рид врз чешката револуција

Рики Жерве, Семјуел Џексон, Миа Фароу, Салман Ружди, дури и Ватикан, беа меѓу оние кои му оддадоа почит на Лу Рид. Меѓу нив и сер Том Стопард, кој ја искористи музиката на Рид за неговата славна претстава „Рокенрол". 

9 песни за суштествата со 9 животи

Денес да ти бил Национален ден на мачката во САД. Давајќи му меѓународен карактер, постов го посветуваме на поезија посветена на овие меки, шепести, ушести, предачки суштества, кои заслужуваат повеќе од тоа да бидат третирани како LOL субјекти.

Страдате ли од „зборошубие“?

Зборот „неологизам" самиот бил неологизам при крајот на 18. век. Но практиката на создавање нови зборови е стара колку и јазикот.

Луѓето се сакаат со ќутење

„Најцврсто затворените врати се оние кои се ширум отворени", вели еден прастар запис од Тибет. Постои говор кој некој ќе го открие утре, а можеби и никој нема да се обиде да го пронајде. 

Математичките тајни на Симпсонови

Шоу како Симпсонови, со неговите алузии, референци, цитати и пародии, душа дало за истражување. „Симпсонови и филозофија" и „Психологијата на Симпсонови", такви книги веќе постојат. Сега им се придружува уште една, која тврди дека Симпсонови имаат и - математички тајни.

Трговец со накит кој го има пробиено космичкиот код

Дејвид Бирнбаум се збогатил продавајќи им накит на филмски ѕвезди. Но неговата огромна книга со помпезен наслов има врска со малку поинакви теми. Клучни зборови: космос, матка, потенцијал, метафизика. И според многумина, со благо лудило.

Ѕид да излижеш

Дорота Панковска е уличен уметник и фотограф кој на ѕидовите и асфалтот црта со необични материјали. И, за чудо, промовира брендови без пари.

Турција конечно ги легализира Q, W и Х

Звучи по малку чудно, но во времето на преодот од арапско на латинично писмо во Турција три букви паднале во немилост. Причина: не биле асли „турски".

Вистинскиот духовен татко на „Фарма“

Во Белград е во тек традиционалниот Саем, на кој се претставуваат голем број нови автори, но и изданија на класични дела. Eве како овие манифестации придонесуваат за образование на широката читателска публика.

Што е тоа „бекзистенцијализам"?

Ретко се случува Букбокс да има некаква врска со спортската рубрика на сајтов. Ама подобро од ова не може да биде - како би изгледало кога Бекам не би се викал Дејвид, туку Жан-Пол, и би играл за „Егзистенцијализам"?

Како да не успееш во речиси сè

Koга се во прашање стриповите, главно ги фаворизираме нам омилените Калвин и Хобс и xkcd. Но еден неправедно сме го прескокнале - Дилберт и неговите канцелариски авантури. Интервју со неговиот автор, по повод излегувањето на неговата нова книга.

Боже, чувај ме од пријателите

Пријателството е еден од оние концепти кои интуитивно ги препознаваме, но кој одолева на обидите да се дефинира и рационализира. Една нова книга се обидува да го стори токму тоа.

Морисеј да ти бил човекосексуалец

Мемоарите на некогашниот фронтмен на Смитс станаа контроверзни уште пред да бидат објавени. Последни кренаа врева оние кои се скандализираа од одлуката таа да се објави во престижната едиција „Пингуин класикс". Образложението на издавачот - парите од Морисеј ќе ги вложиме во следни изданија на Монтењ.

Колку далеку скока жабата од расказот на Марк Твен?

Во приказната на Твен „Славниот скокачки жабец од округот Калаверас" еден водоземец по име Даниел Вебстер „можел со еден скок да помине поголема далечина од кое и да е друго животно од неговиот сој". Во потрага по овој „ѕвер" спомнат во расказот научниците го посетиле округот, и еве што нашле.