Bookbox

Новиот документарец на Вернер Херцог е за - вулкани

Откако нè запозна со човекот-гризли, нè прошета низ пештерата на заборавените соништа, поживеавме со среќните луѓе во тајгата и ги испитавме егзистенцијалните влијанија на интернет врз нашите животи, сега е на ред Херцог да нè внесе и во вулкан. Со оглед на довербата којашто до сега не ни ја изиграл, изгледа дека и овој пат ќе му се препуштиме.

Домашна журка со жива класична музика

Групмјуз е компанија која најмува млади, класично образовани музичари или студенти кои на повик доаѓаат дома и одржуваат мали концерти. Основана во 2013, таа денес ангажира над 1200 инструменталисти.

Автобиографија на највлијателниот издавач на 20 век

Да oбјавуваш книги на неупатените им звучи како некаква административна работа, која повеќе има врска со пари отколку со уметност. Но важните издавачи во историјата на литературата не се занимавале само со печатење книги, туку промовирале идеи и менувале цели култури.

Шах со случајни фигури

Што ако во еден строго поставен систем смениш само еден негов елемент и така му ја пореметиш рамнотежата? Од тој навидум разурнувачки чин одеднаш се раѓа нов свет, и нова убавина. 

Кога Дарио Фо доби „незаслужен“ Нобел

Вчера, 13.10, додека очите на сите беа свртени кон Стокхолм и кон овогодишниот добитник на Нобеловата, на 90 години почина писател и актер кој истата ја доби во 1997. И тогаш, како и сега за Дилан, многумина рекоа дека тој не ја заслужува. Во неговиот случај затоа што бил - сатиричар.

Берберница што нуди попуст за муштериите што читаат на глас

Се обврзуваме да донесеме книги во оние наши фризерници што ќе го прифатат предизвикот. Важи и за возрасни!

Зошто Дилан ја заслужува Нобеловата?

На роденденска забава ден пред доделувањето некој ме праша кој ќе го добие Нобелот за книжевност оваа година. Претпоставката, која и не беше моја туку собрана по некое интернет сокаче, е дека ќе биде Американец, бидејќи последен пат кај нив „се паднала“ пред 23 години. „Можеби Дилан?“, праша некој. „Ааа не“, реков, „нема шанси“.

Лондонска книжарница ви нуди бесплатни книги до крајот на животот

Британските книжарници постојано измислуваат начини да го привлечат вниманието и да останат во комерцијална игра. Еве уште една нова идеја.

Човекот кој ја силуваше и ја уби Елена Феранте

Пред некое време пишувавме за „аналитичкиот“ текст на извесен Клаудио Гати, кој го обелодени вистинскиот идентитет на до скоро анонимната италијанска авторка. Од таа негова објава до денес не стивнаа осудувањата на неговата постапка. Меѓу посвежите и поострите е овој, на Јерговиќ, од кого пренесуваме делови.

Најпознатиот музички „форензичар“

Дали навистина „Мислејќи на глас“ на Ед Ширан е украдена од Марвин Геј? Колку и песниве да се слични дури и за просечното уво, на суд се бара експертско мислење, од музички Шерлок Холмс.

Последниот филм на Анджеј Вајда

Овогодишниот кандидат на Полска за Оскар не е некакво претенциозно завештание на Вајда, кој до последниот ден од животот останал зад камерата. Биографија на веројатно најзначајниот полски сликар на дваесетиот век, филмот повторно се занимава со големите теми - вистината и слободата.

Вејтс пак мрчи за авторски права

Вејтс е познат по бескомпромисноста кога е во прашање користење на негова музика за комерцијални цели. Една од неговите најпознати изјави во оваа смисла беше: „Ако Мајкл Џексон сака да работи за Пепси, зошто просто не му дадат канцеларија таму?“.

„Идолите“ кои ни го заматуваат умот

На сајтов се обидуваме да ја разобличиме глупоста, без оглед на изворот, и во која и да е форма и облик. Кога сме во добрите се обидуваме да ѝ најдеме и оправдување, во смисла на сили кои се навидум „виши“, а кои го заслепуваат човекот и со сила го тераат да биде глуп. Бекон ги нарекувал ваквите интелектуални заблуди „идоли“.

Почина авторот на „Трилер“

Што, не е „Трилер“ на Мајкл Џексон? Епа не бил.

Музиката ги соблазнува машините

„Уметниците преземаат ризици кои еден технократ никогаш нема да ги преземе. Уметникот ризикува сè во сè што прави. Ризикот е она што го одделува уметникот од занаетчијата. Уметноста не е кариера, таа е копнеж,тежнение, одговор на повик.“

Човекот кој живееше како пет животни за да види како е да си човек

Една од Иг наградите оваа година отиде кај луѓе кои за истражувачки цели се обидоа да живеат како животни. За едниот, човекот-прч пишувавме тука. Но не знаевме дека има уште еден кој живеел не како едно, туку како пет животни. Неговата книга се вика „Живеејќи како ѕвер“.

Кога Бодлер му пишал на Вагнер

Бодлер еднаш наводно рекол дека „го сака Вагнер, но од музика повеќе сака мачка врзана со опашот надолу како гребе по стакло“. Но колку и да бил бизарен, човекот знаел да изрази почит и благодарност кон колега-уметник.

Идентификувана мистериозната писателка Елена Феранте

Еден италијански новинар вели дека го открил вистинскиот идентитет на во моментов најуспешната италијанска прозаистка. Но нејзините обожаватели наместо да се задоволни, се прашуваат зошто е потребно вакво нарушување на приватноста?

Непреводливости за меѓународниот ден на преводот

Денес, 30 септември е Меѓународен ден на преведувачите, поврзан со  Св. Јероним Стридонски, кој се смета за заштитник на овој еснаф. А ним, кутрите, понекогаш навистина им треба некој со натрприродна моќ за да им ги шепне преведувачките решенија.

Спрингстин MНОГУ сака да пишува со големи букви

Кога некој пишува само со големи букви ИЗГЛЕДА КАКО ДА СЕ ДЕРЕ и генерално не е убаво. Посебно грдо изгледа во книга, па дизајнерите обично препорачуваат замена на ваквите делови со италик, освен ако баш не се мора. А на Брус изгледа му се мора.

Зборувате ли инуктитутски?

Наместо да ја учат секоја поединечна буква, домородните заедници на Канадскиот Арктик со помош на христијанските мисионери развиле нешто што повеќе личи на систем на кодирање отколку на азбука. 

Како заврши епската правна битка помеѓу Улај и Марина Абрамовиќ

Во 2010 ги гледавме како во МоМА седат еден карши друг со солзи во очите (и нашите и нивните), веројатно потсетувајќи се на младоста и на страсната љубов. Пет години подоцна нивни застапници повторно седнаа еден наспроти друг, но овој пат на суд. Деновиве судот донесе и одлука.

Кога уметник работи во „Комунална хигиена“

Повеќето современи култури (меѓу кои за жал и нашата) повеќе го ценат Развојот, на сметка на Оддржувањето. Градиш нова инфраструктура, ги шириш градовите, а притоа не водиш грижа за постоечкото. Една уметница од Њујорк решила да го привлече вниманието кон оние кои се бават со оваа неблагодарна, оддржувачка работа.

Најавена па повлечена книга за убиство на Стивен Кинг

Ако напишеш книга во која твој здрав и жив колега треба да биде убиен, можеш да очекуваш дека тоа нема да биде сфатено како добра финта. Особено ако претходно сте се р’чкале.