Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Гевгеличани знаат да живеат живот

Што ќе ти се авионски карти и резервации за Бока - Ривер на „Бомбонера“, отиди до спортската сала во Гевгелија да видиш што е Дале Кавезе со блех музика.

Вие само дојдете, со иста финта ќе ве исфрлам од игра

Не е битно дали сме во маало на баскет или во НБА на мечот Денвер - Сакраменто, туку е битно е што чичко ви Никола ќе ви покаже како се влегува под кош со малку мешање лева десна.

Син му на Рејес игра за Реал Мадрид и головите му ги посветува на загинатиот татко

Хозе Рејез Лопез, синот на легендарниот фудбалер Хозе Антонио Рејес, е главен играч во Реал Мадрид У-12. Тој синоќа постигнал дури четири гола во финалето на турнирот за таленти на Ла Лига - La Liga Promises во Катар.

Добро има ли компас овој Арсенал?

Тоа што во Серија А сезонава е Милан, кај Англичаните дефинитивно е Арсенал. До толку да не се немало победнички дух во оваа екипа, тоа е чудо невидено. Па не можат да излезат на крај со екипи како Норич, Брајтон и Борнмут, кои се борат за опстанок.

Ренџерс го победи Селтик на гости првпат после 9 години, Џерард полуде од среќа

Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.

Мајсторе, за голов треба да те позлатат во Египет

Африкански Куп на Конфедерации. Пирамидс гостува кај Ал Масри. Резултатот 1-1 и во 83’ минута Мохамед „Додо“ Ел Габас дава спектакуларен гол за победа.

Од непознато дете во Барселона, до најснажен играч во Премиер лига

Во петокот Манчестер Сити гостуваше кај Вулверхемптон и водеше 2:0 со играч помалку. Во второ полувреме примија три гола и изгубија. Почетокот на лудиот кам-бек го направи Адама Траоре кој сезонава веќе постигна 4 гола и има 4 асистенции.

Тагата на дете која ја опишува страста за фудбал во Јужна Америка

Играчот со број 15 се вика Хуанми Калехон и му е брат на Хозе Калехон од Наполи. Игра во Боливија и се простува од својот клуб Боливар за кој го одигра последниот натпревар. Детево не го пушта да си оди за жива глава и го моли да остане. Какви емоции за фудбал уште од мал.

Кога Џордан им натрпа 51 кош на 38 години

На 29 декември во 2001 годна, Вашингтон Визардс на домашен терен го совладаа Шарлот Хорнетс до 107-90. Најголемиот на сите времиња, Џордан ја играше првата сезона во дресот на Вашингтон и на тој меч уфрли 51 поен.

Лука се поздрави со гледач на аут линија по име Коби Брајант

Далас загуби ноќеска од Лејкерс, Дончиќ овој пат беше послаб со 19 поени, 4 скока и 7 асистенции, а интересен момент се случи кога изведуваше аут. Човекот кој седел позади него му се обратил на словенечки јазик, па Лука му пушти рака.

Сити го победи дечко што на времето чистел теписи со татко му

Манчестер Сити на мечот против Вулверхемптон водеше 2-0 со 10 играчи на теренот по црвениот картон кој го доби голманот Едерсон за прекршок надвор од своето поле. Ама „граѓаните“ не издржаа до крај и ги нокаутираше еден интересен лик.

Ти ја мислиш од 0-2 гола, таа 9+ завршува

Дека во англискиот Чемпионшип се игра луд фудбал, тоа одамна е јасно, ама ова што го направија Бирминем и Лидс Јунајтед не е нормално. Полувреме 1-2, крај 4-5 со гол буквално 4 гола за 10 минути од кои еден во 90+5’ минута за победа. Алиоски имаше 2 асистенции, а неговиот Лидс е прв на табела со 51 бод, односно 9 бода повеќе од третопласираниот кој оди во плејофот.

Баерн Минхен на македонски јазик

Баварците имаат пристојна фан база во земјава, а клубот тоа знае да го цени, па меѓу другите јазици на кои се заблагодари за поддршката во 2019-та година, го употреби и македонскиот.

Не можат да го сопрат па почнаа во публика да го буткаат

На Лука Дончиќ не му треба многу време за опоравување, па откако се врати од повредата пружи уште една лудачка партија. Овој пат негова жртва беше Голден Стејт кого Далас го совлада со 141:121. Нов трипл дабл за словенечкото чудо од 31 поен, 15 асистенции и 12 скока.

Како навивачите на Милан ја испраќаат 2019-та

Во Милано пристигнува на медицински на 2 јануари, ќе зима 3,5 милиони евра + бонуси, а може да дебитира во Куп на Италија на 15-ти јануари. Да да, договорена е работата. Одиме:

А важи ли ВАР и за глума, судија?

Стјуарт Далас, фудбалерот на Лидс Јунајтед на мечот против Престон во англискиот Чемпионшип ја истакна кандидатурата за Фалон д’Флор или пародија (глума) на годината. На крај, во 89’ минута се извади со гол за 1-1 и важен бод за Лидс кој брзо оди кон Премиер лига.

Во чест на најдобриот голгетер на деценијата во Серија А

Статистиката си го кажа своето. Тоа е Антонио Ди Натале, симболот на Удинезе е стрелец број 1 во Серија А за периодот 2009-2019 со 125 гола. 12 години му беше верен на клубот за кој е најдобар голгетер во историјата. Ќе издвоиме едно ремек дело од него против Верона од 2013/2014 кое беше прогласено за гол на неделата.

Лука Дончиќ – прототип на играч кој одамна немало во кошарката

Се сеќавате ли на Стречерси? Дечките кои знаат доста за НБА и оваа сезона прават анализи во форма на ТВ емисии кои ги објавуваат на Јутјуб. Последната ја крстија „Чудото од дете кое доминира во НБА“.

Роналдо од реклами на Инстаграм заработува повеќе отколку во Јувентус

Капитенот на Португалија е најплатен спортист на Инстаграм. Според резулатите од едно истражување на аналитичката компанија Хупер, Роналдо земал двојно повеќе пари од оваа социјална мрежа отколку што му даваат на северот од Италија.

Оглас на денот кој нè врати во детството

Ако турбо распоредот на Англичаните не ви е доволен за разонода во овие празнични денови што следат, освежете се со еден наш предлог. Па не можеме да поверуваме на каков култен уред наидовме на интернет. Од кај го ископавте бе?

Девојчето што плачеше да не оди во кревет, за да го гледа Лука Дончиќ

Симпатично видео од домот на едно семејство во Хјустон, стана прав хит на социјалните мрежи после што реагираа и од Далас Маверикс.

Голман во Турција смисли јак штос за веренички прстен

Улухан Арслан е голман на турскиот нисколигаш Ордуспор. Пред еден меч договорил интересна сцена со навивачите и соиграчите која што ја реализираше по крајот на натпреварот. Девојка му Мелиса Јилдиз во шок.

Една од најдрагоцените елки во кариерата на Анчелоти

Што мисли да прави и да каде ќе стигне со Евертон ќе покаже времето. Но кого и да тренира, од секогаш како тренерско име ќе потсеќа на Милан, клубот кој се мачи да се крене, а со него беше на најголеми височини.