Го паметите ли единствениот меч на кој се сретнаа Роналдо против Роналдо?

Кристијано Роналдо и Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо се луѓе од разни епохи, иако Бразилецот е постар само 8 години од Португалецот и неколку пати беа близу средба од натпреварувачки карактер.

Денес Феноменот е претседател на шпанскиот клуб Ваљадолид, а Кристијано го предводи Јувентус во борбата за нови трофеи.

Тие двајца никогаш не се сретнале на официјален меч еден против друг.

Во 2002/2003 година Крис беше во неговиот матичен клуб Спортинг Лисабон, а Рони правеше дар-мар во Реал Мадрид. Потоа Кристијано премина во Манчестер Јунајтед, во 2009-та се пресели во Реал, но тогаш Бразилецот веќе пред крајот од својата богата кариера, беше во Милан (во 2007-ма).

После четири години Луис Назарио да Лима Роналдо во родниот Бразил ја заврши професионалната кариера.

Интересно, Португалија и Бразил во тоа време два пати се сретнаа на пријателски натпревари. Во 2007-ма Португалците победија 2:0 во Лондон. Кристијано беше во составот на својата земја, а Роналдо не. Истото се случи и после една година кога Бразилците ја понижија својата историска метрополија со 6:2 во пријателски меч.

САМО ЕДНАШ СЕ СРЕТНАА НА ТЕРЕНОТ, НА РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР

Но двајцата легендарни напаѓачи сепак еднаш се најдоа на зелениот терен, колку историјата да памети дека макар еднаш се сретнале.

На 2.јули 2005-та година Роналдо играше против Роналдо на благотворен натпревар за хуманитарни цели организиран од Луис Фиго. Оваа средба беше организирана од Фондацијата на Луис Фиго и фондацијата на Роналд МекДоналд со цел да се финансира изградба на првиот сигурен дом за социјално загрозени лица „Роналд МекДоналд Черити“ во Португалија. Мечот се играше пред 25.000 гледачи во Алгарве. Бразилецот играше за другар му Фиго, а младиот Криш против нив.

На теренот играа двајцата Роналдовци, Фиго, Роберто Карлос, Алан Смит, Лукас Радебе, Абел Ксавиер. Тимот на Фиго го водеше легендарниот Боби Робсон.

Кристијано покажа неколку врвни финти во првите половина час, беше расположен за надигрување а после го извадија од игра затоа што мечот беше пријателски. А Рони ги постигна и двата гола за тимот на Фиго кој славеше 2:1, не баш традиционален резултат на средбите од ваков карактер кој скоро секогаш завршуваат нерешено.

Двајцата подоцна се сретнаа кога Бразилецот имаше формална позиција во управата на Реал Мадрид, а Кристијано уште не премина во Јувентус.

„Нашите позиции и нивните интерпретации на теренот се разликуваат една од друга. Дури и кога Кристијано игра поблизу до центарот од нападот, тој е поинаку ориентиран кон голот отколку јас. Не многу играчи се грижат за своето тело така како што се грижи тој, со голема желба за совршенство. Не викам дека нашиот однос кон работата е целосно поинаков, но се разликува. Јас тренирав за да играм, а он зошто тоа му се допаѓа. Иако имаме иста цел. Но секако, и двајцата еднакво сакаме да даваме голови. Кристијано не случајно до 33 години игра во таква форма“, вели феноменалниот Бразилец.

За малку ќе се сретнеа во полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Манчестер Јунајтед и Милан во 2006/2007 кога Бразилецот веќе беше на „Сан Сиро“, но не го одигра тој двомеч. Кристијано ги играше и двата дуели.

5 април 2020 - 12:07