Нов предизвик од Кристијано, полустомачни за 45 секунди

Кристијано Роналдо објави нов челенџ на Инстаграм. Работата е проста: за 45 секунди да направиш што е можно повеќе полу-стомачни.

„Еј дечки, имам нов предизвик за вас, за да останете активни. Куп на дневната соба (Living Room Cup). Можете ли да го урнете мојот рекорд?, напиша Роналдо во коментар под видеото.

Како што гледате, Кристијано направил 142 повторувања. Неговиот челинџ го прифатија и другите амбасадори на Nike: кошаркарот Рикардо Москарини (67 повторувања), двократната светска шампионка во уметничко лизгање Евгенија Медведева (44 повторувања) и други спортисти чии резултати биле далеку под оној на фудбалерот на Јувентус.

Португалецот просто е машина за стомачни вежби. Тој според своите играчи е опседнат со своето тело и се гледал по неколку пати во огледало во соблекувална и на тренинзи. Постојано ги покажува стомачните мускули не само на фото-сесии туку и за време на прослава на головите. 

Позната е приказната за неговиот фудбалски пат, тој од 11 години активно и редовно тренирал за да стане посилен зошто бил слаб и слушал разговори од трибините дека нема да го биде многу е мал. Тоа го измотивирало дури и сред ноќ да бега од собата во интернатот на Спортинг Лисабон и да бега во вежбална.

Неколку години по преминот во Манчестер Јунајтед заедно со Сер Алекс Фергусон и неговиот помошник Мајк Фелан отишол итно во клиника, се жалел на остри и страшни болки во абдоменот. Докторите се шокирале кога им кажал дека правел по 700 стомачни на ден.

Таблоидот Daily Sun тогаш пишуваше дека понекогаш Португалецот правел по 3.000 повторувања.

Во март 2017 година Роналдо пред новинарите раскажал: „3.000 на ден? Не, не правам 3.000 ниту за цела недела. Тренирам стомачни мускули 4-5 пати неделно, минимално повторувања околу 200-300. Не сакам многу зошто ризикувам проблем со абдоменалните дискови“.

Предизвикот му го прифати соиграчот Блез Матуиди, кој беше еден од тројцата фудбалери на Јувентус инфицирани од Ковид-19 (Даниеле Ругани и Пауло Дибала):

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@cristiano, you killed me bro 🙅🏾‍♂ Next time we run ! #Playinside #Livingroomcup #144 😂

A post shared by Blaise Matuidi Officiel (@blaisematuidiofficiel) on

 

6 април 2020 - 09:52