И сега Бијабијани знае кај игра?

Сигурно го памтите од Парма? Или па од Интер? Чекај овој во Парма играше или во Интер? И таму и таму, ама проблемот е што ако го прашаш сигурно и тој не знае по колку пати ги менувал тие два дреса.

Џонатан Бијабијани беше познат како едно од најбрзите крила во италијанско кој почна како член на Интер во 2007-ма.

Она што е интересно кај него е патот во кариерата кој ретко кој друг играч го има. Дали е до него, до вербата на двата клубови кои ова му го правеа или се некакви менаџерски игри, не знаеме, ама внимавајте го ова.

Бијабијани е купен од страна на Интер 3 пати и испратен на позајмица од страна на Интер 4 пати. Тој исто така беше позајмен од Интер во Парма 2 пати и продаден од Интер во Парма 2 пати. Јасно ви е?

Значи Интер 3 пати го купиле и 4 пати го дале на позајмица, а Парма 4 пати го земале во тим, 2 пати со позајмица и уште 2 пати со трансфер.

На детево толку пати му правеле на ти го, дај ми го, што во периодот од 2007-ма до 2019-та дури 17 пати го менувал тимот.

И сега сигурно се прашувате каде е Џонатан? Во Парма. Се зезаме. Лани играше за Парма, а од ноември 2019-та е член на Трапани во Серија А кој сè уште го немаат позајмено во Парма.

3 април 2020 - 13:24