Белгија е прва која го завршува првенството, прогласен е шампион

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што препораките од УЕФА се централизирани.

Белгија до 2 април има 13.964 заболени и 828 смртни случаи како последица од Ковид-19.

Поради тоа Советот на директори на белгиската лига донел решение по заедничка средба. Сега генералното Собрание на белгиската федерација треба да го потврди и одлуката да стапи на сила.

Вирусологот др. Ван Раст со кој се консултирала лигата изјавил дека не е возможно сезоната да се доигра до 30 јуни како што беше предвидено претходно.

„Моменталната ситуација исто прави нејаснотии околу тоа дали и кога би имало заеднички тренинзи. Дури и да се игра без публика, теоретски тоа може да стане дополнителен притисок кој би го ставиле врз редарските служби и полциијата. Освен тоа, одлуките од локалните авторитети се закануваат да го направат неизводливо играњето натпревари“.

Бордот на директори на белгиската лига едногласно одлучил дека не може да се доигрува после 30 јуни. Поради се што наброил вирологот Ван Раст, бордот на директори формулирал едногласно барање до Генералното Собрание да не ја продолжува сезоната 2019/2020 и да ја прифати состојбата во Јупилер Про лигата како конечно.

КЛУЧНИ МОМЕНТИ

- Првенството не е одложено, туку е завршено според актуелната табела. Клуб Бриж е шампион (првпат после 2017/2018) и ќе оди во групна фаза на Лига на шампиони (во моментов има 15 бода пред вториот(. Гент е вицешампион како второпасиран и ќе оди во квалификации за Лига на шампиони.

- Во плејофот за титулата, како и плејофот за Лига Европа, Шарлоа ќе оди директно во групна фаза, а Антверпен и Стандард Лиеж во квалификации.

- На лигата и останува уште да го доигра финалето на Купот - таму треба да се сретнат Клуб Бриж и Антверпен. Ако победи вториот, тоа значи дека во групна фаза од Лига Европа ќе оди Антверпен а Шарлоа во квалификации. За евентуално одигрување на финалето на Купот оформена е работна група која ќе ги проанализира сите ризици и неопходно дејствија.

Трофејниот Андерлехт во кој лани се врати Венсан Компани останува без еврокупови. Клубот од Брисел можеше преку пејоф да се обиде да стигне до квалификации за Лига Европа.

Освен тоа, не е решено ниту прашањето што ќе биде со последниот Беверен кој е скоро испаднат би можел да се спаси доколку не се доигра баражот во втора лига за влез во прва лига меѓу првиот Левен и вториот Бершот. Првиот меч меѓу овие две екипи е одигран, но ако не се одржи реваншот, тогаш најверојатно во прва лига ќе се пласираат и двата клуба, а ќе остане и Беверен па Јупилер ќе биде проширена на 18 клуба за една сезона.

Сè ќе се знае на 15 април. Играчите од белгиската лига го поддржале прекинот и завршувањето на првенството - „за“ гласале 11 клуба. Спремни да играат биле само три клуба: Андерлехт (останува без еврокупови), Генк (останува без борба за титулата пред плејофот) и Антверпен (веројатно ќе остане без директен пласман во групна фаза на Лига Европа).

БЕЛГИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ВО ЕВРОПА ШТО ГО ЗАВРШИЛА ПРВЕНСТВОТО ПРЕД ВРЕМЕ

Белгија ќе биде прва во Европа доколку на 15 април се потврдат овие препораки. Никој сè уште од европските првенства не одлучил дали сезоната ќе заврши, ќе се одложи или ќе се доигра.

Еве што мисли УЕФА за одлуката на Белгијците